ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2024/2025
Ве известуваме дека редовниот рок кој истекува денес на 18.02.2024 година, се продолжува до 21.02.2025 година (петок). Одделението за студентски прашања ќе ги обработува уписите на студентите по години, согласно следниов распоред за работа:
|
Студенти запишани по прв пат во учебната година: |
го заверуваат семестарот/го запишуваат семестарот |
Продолжен рок за заверка на зимски и упис на летен семестар, без надоместок за задоцнето запишување: |
|
уч.2024/2025 г. уч.2023/2024 г уч.2022/2023 г. |
1/2 3/4 5/6 |
19 февруари 2025 |
|
уч.2021/2022 г. |
7/8 |
20 февруари 2025 |
|
уч.2020/2021 г. и претходно |
9 и нагоре/ 10 и нагоре |
21 февруари 2025 |
Се потсетуваат студентите, да ги проверат своите профили во iknow системот на кои во редовниот рок веќе им се валидирани семестрите од страна на одделението за студентски прашања, да направат уплата на школарината преку нивниот профил.
Доколку уплатата не се реализира до 21 февруари, по автоматизам од 24 февруари, кон редовните уплати, системски ќе се засметува и надоместокот за задоцнето запишување на семестарот по рокот.
Сите други студенти кои не запишале електронски семестар и предмети, да го направат тоа денес, во интерес на времето.
Заверката на зимскиот семестар и уписот на летен семестар е целосно дигитализиран процес, затоа на шалтер не треба да се пристапува!
На шалтер треба да доаѓаат исклучиво студентите кои поднесуваат разни барања (рати, мирување, продолжување на студии, промена на статус и друго).
|
Запишување на семестар по истекот на продолжениот рок |
24.02.2025 г. до 04.03.2025 г. |
Со поднесено барање со образложение. Уплати: во износ од 1.500 денари-надоместок за задоцнето запишување на семестар по истекот на рокот, при поднесување на барањето и 50,00 денари административна такса |
ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1 и 3
ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1
СРЕДА ВО 12.10 -14 часот
ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 3
ПЕТОК 14.10 - 15.40 часот
мултимедијален центар на Филолошки факултет во Скопје.
Предметен наставник,
Проф. д-р Александра Саржоска
Мартовска (дополнителна) испитна сесија (доц. д-р Горан Китевски)
Испитите по предметите од зимскиот семестар кај доц. д-р Горан Китевски во мартовската дополнителна испитна сесија ќе се одржат на 26.3.2025 г. со почеток од 9 часот во просторија 122.
Термин за мартовска испитна сесија кај проф. д-р Р. Мијалов
Испитите во мартовската сесија кај проф. д-р Р. Мијалов ќе се одржат на 26.3.2025 година со почеток од 9 часот во просторијата 122.
Термин за испити
Испитите во мартовската испитна сесија (2024/2025 година) кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ ќе се одржат на 27.3.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.
Испитите задолжително да се пријават во iknow системот.
Испитен ден во мартовска испитна сесија кај проф. д-р Ивица Милевски
Испитите во мартовската испитна сесија кај проф. д-р Ивица Милевски, ќе се одржат на 24.03 (понеделник) со почеток во 10.30 часот.
ОДЛУКА за определување на роковите за запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 година
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. кирил И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ - СКОШЕ Бр. 02 -3283/2
27.12.2024 год.
Врз основа на член 68, став 1, точка 42 од Статутот на Природно-математичкиот факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 464/2019 и 464/2021 -анекс), а во врска со член 24, став З од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 417/2019, 607/2022 и 689/2024 - анекс) постапувајКи по предлогот на Деканатската управа бр. 02-3283/1 од 24.12.2024година, Наставно - научниот совет на Факултетот, на седницата одржана на ден 26.12.2024 година, донесе
ОДЛУКА за определување на роковите за запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 година
3, По истекот на рокот од член 2 на оваа одлука, на студентот нема да му биде дозволено запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 година.
Термини за полагање на испити во мартовската (дополнителна) испитна сесија (2024/2025 година) кај проф. д-р Марија Љакоска
Испитите во мартовската испитна сесија (2024/2025 година) кај проф. д-р Марија Љакоска ќе се одржат на 27.3.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.
Испитите задолжително да се пријават во iknow системот.
Испитни резултати (доц. д-р Горан Китевски)
Втора декада (6.2.2025)
Културолошки туризам
Нема положени
Политичка географија
- кандидатите да се јават на консултации
Спортски туризам
- Индекс бр. 18251, оценка 10 (десет)
Резултати од испитот на 7.02.2025 кај проф. Ивица Милевски
Резултати од испитот на 7.02.2025
Туристички информациски системи:
Земјата и Вселената:
Општа геологија со петрографија: