Прв циклус (стари програми)

Демографија

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Студиска програма:

ДЕМОГРАФИЈА

Научно-истаржувачко подрачје:

Општествени науки (5)

Поле:

Демографија   (502)

Област:

Општа демографија

Елаборат за акредитација на студиска програма

Решение за акредитација на студиската програма

Решение за почеток со работа на студиската програма

 

ВИД НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

            Четири годишни академски студии

 

ЦЕЛИ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма по демографија има поставено повеќе цели, но една од основните цели е создавање на стручен и научен кадар кој има компетенции од областа на демографијата. По завршувањето на студиите кадарот е стручно подготвен да се вклучи во научно-истраживачката и применетата дејноста. Тој ќе биде оспособен стручно и на научен план да го проучува населението  и законитостите на неговиот развиток, да ги следи процесите кои се случуваат, да ги согледува последиците и да може да го насочува демографскиот развиток во насока која одговара на развојот на државата. Воедно, освен за проучување на населението,  истиот кадар може да се вклучи во  проучување на населбите.

 

ГОДИНИ И СЕМЕСТРИ НА ТРАЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма на прв циклус студии по демографија е со траење од 4 години, односно 8 семестри.

 

ЕКТС КРЕДИТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ

Студентот кој ќе ги заврши овие студии се стекнува со минимум 240 кредити.

 

СООДНОС ПОМЕЃУ ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ

На студиската програма е почитуван законски пропишаниот сооднос помеѓу бројот на задолжителните и изборните  предмети .Во следната табела  е даден процентуалниот сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети на студиската програма демографија

 

 

Вкупно предмети

Задолжителни предмети

Изборни предмети од Институтот за географија

Изборни предмети од УКИМ

Пропишана норма

100%

< 60%

> 30%

> 10%

Број на предмети

35

21

11

3

Процент од програмата

100%

60 %

31,4%

8,6%

 

 

СТРУКТУРАТА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ДЕМОГРАФИЈА

 

1. Студиска програма со фонд на часови и број на кредити

 

I СЕМЕСТАР

Код

предмет

нед. фонд

Кредити

ГД001

Основи на демографијата

3+2

8

ГД002

Историска демографија   

3+2

8

 

Изборен од ИГ

2+2

7

 

Изборен  од УКИМ

2+2

7

 

Вкупно

10+8

30

 

II СЕМЕСТАР

Код 

предмет

нед. фонд

Кредити 

ГГ02б

Картографија II

3+3

8

ГД005

Природно-географски услови за населеност

3+2

8

ГД04

Теренски истражувања

2+2

6

 

Изборен од ИГ

2+2

6

ГД017а

Студентска пракса 1 

0+2

2

 

Вкупно

10+11

30

 

III СЕМЕСТАР

Код 

предмет 

нед. фонд 

Кредити 

ГД016

Природно движење на населението

3+2

8

 

Изборен од ИГ

2+2

8

 

Изборен од ИГ

2+2

8

 

Изборен  од УКИМ

2+2

6

 

Вкупно

9+8

30

 

IV СЕМЕСТАР

Код 

предмет 

нед. фонд 

Кредити 

ГД006

Миграции на населението

3+2

8

ГД007

Демографски структури

3+3

8

 

Изборен од ИГ

2+2

6

 

Изборен  од УКИМ

2+2

6

ГД017б

Студентска пракса 2

0+2

2

 

Вкупно

10+11

30

 

V СЕМЕСТАР

Код 

предмет 

нед. фонд 

Кредити 

ГД014

Работна сила и вработеност

3+2

8

ГГ012

Географија на населби

2+2

8

 

Изборен од ИГ

2+2

7

 

Изборен од ИГ

2+2

7

 

Вкупно

9+8 

30

 

VI СЕМЕСТАР

Код 

предмет 

нед. фонд 

Кредити 

ГД003

Демографска статистика

3+2

8

ГД008

Семејства и домаќинства

2+2

7

 

Изборен од ИГ

2+2

7

ГД027

Урбани системи

2+1

6

ГД017в

Студентска пракса 3

0+2

2

 

Вкупно

9+9

30

 

VII СЕМЕСТАР

Код

предмет 

нед. фонд

Кредити 

ГД015

Популациона политика

3+2

8

ГГ021

Просторно планирање

2+2

7

 

Изборен од ИГ

3+2

8

 

Изборен од ИГ

2+2

7

 

Вкупно

10+8 

30

 

VIII СЕМЕСТАР

Код 

предмет 

нед. фонд 

Кредити 

ГД028

Население на  Р. Македонија

2+2

8

ГГ040

Политичка географија

2+2

8

 

Изборен од ИГ

2+2

7

ГД031

Дипломска работа 

0+4

7

 

Вкупно

6+10

30

 

2. ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ  НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА ПРИ ПМФ

 

I семестар 

-Изборен предмет од ИГ:

  • ГГ001 Oснови на географијата,
  • ГГ009 Заштита на животната средина

-Изборен предмет од УКИМ

 

II семестар 

-Изборен предмет од ИГ: 

  • ГГ024 Култури и цивилизации
  • ГД024 Медицинска географија

 

III   семестар

-Изборен предмет од ИГ:

 

  • ГГ029д Геоинформатика
  • ГГ026   Вовед во ГИС
  • ГУ001  Статистика

 

-Изборен предмет од УКИМ

 

IV семестар

-Изборен предмет од ИГ:

  • ГД 026 Етнодемографија
  • ГД020 Присилни миграции

-Изборен предмет од УКИМ:

 

V семестар

-Изборен предмет од ИГ: 

 

  • ГГ027 Тематска картографија
  • ГД 029 Рурална географија
  • ГД011 Демографско стареење

 

VI семестар

-Изборен предмет од ИГ: 

  • ГГ041 Географија на религии
  • ГГ014 Индустриска географија

 

VII семестар

-Изборен предмет од ИГ: 

 

  • ГГ017 Социо-економска географија на Република Македонија
  • ГД012 Демографски развиток на Светот
  • ГД030 Проекции на населението
  • ГД023 Управување со човечки ресурси

 

 

VIII семестар

 -Изборен предмет од ИГ: 

  • ГД021 Ревитализација на руралните населби
  • ГГ015 Регионална географија

 

3. Начин на избор на предметите

Во рамките на студиската програма студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети. Дел од предметите во износ од 30% се бираат од Институтот за географија  и Природно-математичкиот факултет, а 10% од изборните предмети на Слободната листа на изборни предмети од единицата и или единиците на УКИМ.

Предметите кои се со статус изборни треба да се бираат како што е предвидено на листата за секој семестар.

© 2024. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.