Библиотека

БИБЛИОТЕКА

Инсерт од библиотеката на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, матична библиотека за географија, геологија и етнологија (фото: Б. Маркоски)На Институтот за географија, во рамки на Народната и Универзитетска Библиотека, како матична библиотека за географија, геологија и етнологија функционира богато опремена библиотека со вкупен број од околу 19500 примероци од кои околу 6600 се монографски публикации, а околу 13000 се списанија. Во вкупниот книжевен фонд покрај домашна, застапена е и странска литература. Порано се вршело размена на книги и списанија со над 110 институции во земјата и странство, а денес со интернет технологиите публикациите се на располагање на целиот свет. Во рамките на библиотеката со капацитет од 30 места егзистира современа читална, која студентите може да ја користат во сите работни денови.


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.