Организациона поставеност на Институтот за географија

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

Организациската поставеност на Институтот за географија била таква што во почетокот од своето постоење во него немало оддели, меѓутоа, по 1958 г. на Институтот се формирани:

Завод за географија;

Завод за геологија и

Завод за етнологија.

Во годините, кога Институтот прераснува во факултет (1976-1984), овие заводи се укинуваат.

После повторното формирање на ПМФ во 1984 г. на Институтот за географија се формирани:

Завод за физичка географија;

Завод за социо-економска географија;

Завод за картографија и ГИС

Завод за етнологија.

Во 2006 г. Заводот за етнологија прерасна во Институт за етнологија, така што денес на Институтот функционираат останатите три заводи.

Ваквата организациска поставеност овозможува Институтот нормално да функционира и со успех да ја извршува својата наставна, научна и апликативна дејност. Изведувањето на наставата на Институтот се врши преку предавања, вежби и теренска настава. Научната работа се изведува институционално со реализација на научни проекти но и индивидуални проекти во кои се вклучени кадрите на институтот соодветно на својата потесна специјалност. 


РАКОВОДНИ СТРУКТУРИ НА КАТЕДРАТА И ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

Раководните структури на Институтот за географија, во неговото долгодецениско работење е како што следува:

 

Ред. бр.

Шеф / Декан

на Институтот за географија

Мандатен период

01

Проф. д-р Атанасие Урошевиќ

1946-1964

02

Проф. д-р Тодор Кондев

1964-1968

03

Проф. д-р Митко Панов

1968-1972

04

Проф. Душан Манаковиќ

1972-1976

05

Проф. д-р Митко Панов

1976-1980

06

Проф. д-р Душан Манаковиќ

1980-1984

07

Проф.д-р Васил Граматниковски

1984-1988

08

Проф. д-р Томе Андоновски

1988-1990

09

Проф.д-р Александар Стојмилов

1990-1992

10

Проф. д-р Васил Граматниковски

1992-1996

11

Проф. д-р Томе Андоновски

1996-1998

12

Проф.д-р Драган Василески

1998-2002

13

Проф.д-р Благоја Маркоски

2002-2006

14

Проф. д-р Михаило Зиков

2006-2008

15

Проф. д-р Никола Панов

2008-2012

16

Проф. д-р Ристо Мијалов

2012-2020

17

Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ

2020-2023

18

Проф. д-р Благоја Маркоски

2023-2026

 

                Од Институтот за географија редовно имало претставници во раководните структури на Природно-математичкиот факултет. Во таа смисла, како декан на ПМФ во два мандатни периоди се јавува проф. д-р Александар Стојмилов, а како продекани биле проф. д-р Митко Панов, проф. д-р Томе Андоновски, проф. д-р Благоја Маркоски (1998-2000 и 2009-2012), проф. д-р Драган Василески (2004-2006), проф. д-р Михаило Зиков, проф. д-р Крсте Богоески, проф. д-р Никола Панов (2012-2018), проф. д-р Драган Колчаковски и проф. д-р Свемир Горин. Продеканите главно го раководеле ресорот за финансии.


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.