Видео упатство (Видео линк)
Како дел од процесот на дигитализација на административните постапки на Универзитетот, почнувајќи од зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година, заверувањето и запишувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат, без потреба од пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци:
- Образец за заверување на семестар и
- Образец за запишување на семестар.
на шалтерите на студентските служби.
Системот автоматски ги креира споменатите обрасци врз основа на податоците што студентот ги внесува при изборот на предмети што планира да ги запише во претстојниот семестар (Образец за запишување на семестар), како и врз основа на електронските потписи внесени во iKnow системот од страна на предметните наставници, во врска со реализираните обврски во претходниот семестар (Образец за заверка на семестар). Документите се појавуваат во јазичето (табот) „Документи“ во профилот на студентот.
ВАЖНО: Бидејќи во процесот на автоматско генерирање на споменатите обрасци, iKnow системот проверува дали студентот има добиено потписи за предметите кои ги слушал во семестарот што се заверува, а поради можната условеност на предметите кои студентот сака да ги запише во следниот семестар, системот ги проверува и претходно положените предмети, ве замолуваме да се најавите на своите профили и да проверете дали се внесени во iKnow системот потписите за слушаните предметите и оценките за положените испити. Доколку недостасуваат потписи или оценки обратете се на своите матични факултети.
При запишување на секој семестар, во пресметката на вкупните трошоци се придодава нова ставка „Запишување и заверување на семестар“, со цена на чинење 100 денари по семестар, наменети за покривање на трошоците за реализација и одржување на дигиталната услуга. Уплатените средства се однесуваат на запишување и заверување на тековниот семестар.
Исклучоци кои ќе важат само при запишување на претстојниот зимски семестар!
1. Студентите запишани на некој од следниве факултети:
− Економски факултет
− Стоматолошки факултет
− Факултет за музичка уметност
− Факултет за физичко образование, спорт и здравје
кои се уште го немаат заверено летниот семестар од учебната 2023/2024 година, заверувањето на семестарот треба да го направат како и досега со пополнување и поднесување на Образец за заверување семестар во хартиена форма на шалтерите на студентските служби. Овие студенти, како и сите други, запишувањето на зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година ќе го прават по електронски пат и притоа ќе треба да уплатат 100 денари.
2. Студентите на сите останати факултети, заверувањето на летниот семестар од учебната 2023/2024 година ќе го направат по електронски пат заедно за запишувањето на зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година. Кај нив, во делот за уплати во iKnow-системот, ставката „Запишување и заверување на семестар“ само овој пат ќе изнесува 150 денари. Почнувајќи од летниот семестар од учебната 2024/2025 година, па натаму, таа ќе биде вратена на износот од 100 денари по семестар.
II. ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ IKNOW СИСТЕМОТ
Од минатата учебна година плаќањето на трошоците кои произлегуваат од процесот на студирање може да се изврши електронски, со платежна картичка, директно од профилот на студентот во iKnow-системот. На истиот начин студентот може да врши уплати по основ на трошоци за други услуги на факултетот, како што се: издавање на разни уверенија, потврди и друг вид на обрасци.
Во врска со безбедноста при овој начин на плаќање ве информираме дека податоците од платежните картички не се регистрираат од страна на iKnow-системот. Делот од постапката каде се внесуваат податоците од картичката се врши на интернет страницата на КаСис, кој е независен процесор кој нуди услуги на деловни банки, финансиски институции и други заинтересирани субјекти од областа на работењето со платежни картички и електронската трговија и ги поседува потребните сертификати за заштита на податоците. Препорачуваме да го користите овој начин на плаќање!
Видео упатство (Видео Линк)
Доколку студентот одлучи плаќањето на трошоците да не го изврши по електронски пат (преку iKnow-системот), тогаш долгувањата:
− Партиципација/Школарина (се плаќа на сметка на факултетот, објавена од факултетот)
− Останати специфични трошоци за потребите на студирањето (се плаќаат на сметка на факултетот, објавена од факултетот)
− ИКСА (се плаќа само при запишување на зимските семестри на сметка на Универзитетот)
− Трошоци за запишување и заверување на семестар (се плаќаат на сметка на Универзитетот)
се извршуваат вирмански, при што потврдата за уплатите треба да се достави до студентската служба. Уплатите на сметката на Универзитетот се извршуваат на образец ПП50 со следните податоци:
Жиро-сметка: 100000000063095 депонент: Народна банка на РСМ,
Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Приходна шифра: 723012 програма: 41 за трошоците за ИКСА
Приходна шифра: 723019 програма: 41 за трошоците за запишување и заверување на семестар цел на дознака кај трошоците за ИКСА:
ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма),цел на дознака кај трошоците за запишување и заверување на семестар: запишување и заверка на семестар, (да се наведе семестарот за кој се однесува плаќањето).
ВАЖНО: iKnow-системот нема да дозволи запишување на семестар за студенти кои имаат неподмирени долгувања од претходни семестри!
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |