ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
27.05.2025 | СКОПЈЕ-ЖАБЉАК (Биоградска Гора, Колашин, Жабљак)
Состанок со водичот на групата, во 05:45 часот во прехтодно одредена локација во Скопје. Тргнуваме кон Биоградска Гора во 06:00 часот Пристигнуваме во Биоградска Гора околу 11:30 часот. Посета на езерото околу еден час. Во 12:30 часот патуваме кон Колашин каде правиме пауза за ручек. Околу 14:30 часот патувањето го продолжуваме кон Жабљак каде ќе го посетиме Црното езеро. Време за посета од околу 2 ипол часа. Сместување во хотел околу 20 часот. (пр. хотел Pavlovic Hotel Zaljbak 3*). Вечера во хотел. Ноќевање.
28.05.2025 | ЖАБЉАК-КОТОР (Јасеново Поле, Острог, Никшиќ, Рисан, Котор)
Појадок и одјавување од хотелот. Во 08:30 часот тргнуваме кон Јасево до каде патување околу еден час. Пристигнуваме во Јасеново Поле нешто по 09:30 часот, акде имаме предавање и разгледување од околу половина час. Во 10:00 часот, патувањето го продлжуваме кон Острог. Посета на манастирот од околу час и половина. Патуваме кон Никшиќ каде околу 13:00 часот ќе имаме пауза за ручек. Во 15:30 часот тргнуваме кон Рисан каде имаме триесет минутна прошетка во Бока Которска. Патуваем кон Котор во 18:00 часот. Овде ќе имаме 2 часа слбободно време за прошетки низ градот. Пристигнуваме во хотел околу 20:00 часот. Се сместуваме во хотел (пр. хотели Splendido Hotel 4*/Aurel Hotel 4*). Ноќевање.
29.05.2025 | КОТОР-ПЛАВ (Јаз, Клиф, Будва, Св. Стефан, Сутоморе, Плав)
Појадок и одјавување од хотелот. Околу 08:30 часот тргнуваме кон плажата Јаз, каде ќе имаме предавање и разглед околу половина час. Во 09:30 часот тргнуваме кон Клиф, каде ќе имаме предвање и разглед од околу 1 час. Патот го продолжуваме во Будба каде ќе пристигнеме нешто пред 11:00 часот. Имаме 2 часа слободно време за прошетки во градот, пред да заминеме кон Св. Стефан, до каде имаме 20 минутно патување. Овде имаме кратко предавање и разглед пред да продолжиме кон Сутоморе, каде приститнуваме нешто после пладне. Пауза за ручек. Продолжуваме кон Плав каде ќе бидеме сместени. Околу 19:00 часот се сместуваме во хотел (пр. хотел Hotel Same 3*). Вечера во хотел. Ноќевање.
30.05.2025 | ПЛАВ-СКОПЈЕ (Плавско езеро, Гусиње, Али Паша извори, Беране, Бел Дрин, Печка Патријаршија- Скопје)
Појадок и одјавување од хотелот. Го разгледуваме Плавско езеро околу 1 час. Во 10:00 часот заминуваме кон Гусиње и Али Пашини извори каде ќе имаме половина час предавање разглед на изворите. Во 11:00 часот продолжуваме кон Беране каде попатно ја поминуваме и разгледуваме долината Вермош. Пристигнуваме во Беране околу 12:30 часот. Пауза за ручек. Заминуваме кон изворот на реката Бел Дрин каде пристигнуваме околу 16:00 часот. Овде имаме 1 часовно разгледување и предавање. Во 17:00 часот тргнуавме кон Печка Патријаршија каде ќе имаме слободно време околу половина час. Тргнуваме кон Скопје во 18:00 часот, а приститгнуваме нешто пред 21:00 часот.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 12,990.00 МКД
Заинтересираните студенти треба да се регистрираат на следната гугл форма
Пакет цената е изразена по лице во двокреветна и трокреветна соба, при што истата вклучува:
- 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во Жабљак (Pavlovic Hotel Zaljbak 3*);
- 1 ноќевање со поајдок и вечера во хотел во Котор (Splendido Hotel 4* или Aurel Hotel 4*);
- 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во Плав (Hotel Same 3*);
- Туристички пратител на групата;
- Организација и реализација на аранжманот;
- Патничко осигурување (покритие до 30.000 EUR);
- Техничка поддршка 24/7 во текот на целото патување.
Пакет цената НЕ вклучува:
- Ручеци во локален ресторан;
- Дополнителни факултативни излети и влезници кои не се наведени во програмата;
- Доплата за еднокреветна соба: 3,200.00 МКД;
- Локален водич во местата на посета;
Напомени:
- Понудата е подготвена согласно моменталните слободни сместувачки капацитети во предвидените хотели од програмата;
- Понудата е валидна при минимум 30 пријавени лица. Во случај на помал број пријавени лица, цената на пакет аранжманот ќе биде променета;
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената на пакет аранжманот, во случај на промена на набавните цени од добавувачите на услугите, се’ до моментот на официјална потврда од страна на корисникот на услугата;
- Туристичкиот пратител во понудата нема овластување за водење на групата во местата на посета каде по закон е предивдено изнајмување на лиценциран локален водич.
Во периодот од 13-ти до 16ти мај во организација на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје, беше организирана теренска настава во Република Романија и Република Бугарија.