Развојот на наставниот процес и научноистражувачката работа од областа на географијата на територијата на Р Македонија, датира од периодот на дваесеттите години на дваесеттиот век, кога во Скопје постоел истурен оддел за географија, а наставата ја изведувале еминентни професори од универзитетите во Белград, Загреб и други.
Непосредно по Втората светска војна, на 29.11.1946 г., на иницијатива на Министерството за народна просвета, а со решение на Владата на Народна Република Македонија бил формиран Филозофскиот факултет во Скопје – првата високошколска институција на идниот Македонски универзитет. Филозофскиот факултет го сочинувале Историско-филолошкиот оддел и Природно-математичкиот оддел.
Во рамките на Природно-математичкиот оддел се формирале катедрите по биологија, географија со етнологија, математика, физика и хемија. На 16.12.1946 г. официјално и организирано на наведените катедри започнала првата универзитетска настава во Народна Република Македонија.
Природно-математичкиот оддел на почетокот бил сместен во просториите на Основното училиште „Браќа Миладинови” и на Природонаучниот музеј. Подоцна, во 1951 г. е преселен во новоизградениот објект на ридот Гази Баба, каде и денес егзистираат поголемиот дел од работните единици на Природно-математичкиот факултет меѓу кои и Институтот за географија.
Во 1955 г. петте Катедри на Одделот за природно-математички науки при Филозофскиот факултет прераснаа во Институти. Набрзо потоа, во 1958 г. Одделот за природно-математички науки прераснува во Природно-математички факултет кој се одвојува од Филозофскиот факултет и започнува да егзистира како посебен правен субјект во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во неговиот состав влегуваат: Институтот за биологија, Институтот за географија, Институтот за математика, Институтот за физика и Институтот за хемија и Сеизмолошката опсерваторија. Во ваков состав Природно-математичкиот факултет функционирал до 1976 г., кога од него, како посебни факултети во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се издвоиле Биолошкиот факултет, Географскиот факултет, Математичкиот факултет, Факултетот за физика и Хемискиот факултет.
Во 1985 г. наведените факултети (поради рационализација во општеството) се враќаат во ранк на институти, истата година се формира и Институтот за информатика и така повторно се формира Природно – математичкиот факултет во Скопје, кој како посебен правен субјект функционира и денес.
Во меѓу време со залагање на тогашната Влада на СР Македонија и наставиот кадар на Институтот за географија (особено професорите д-р Гиго Милески, д-р Митко Панов и д-р Александар Стојмилов) во 1984 г. со Одлука на Собранието на Република Македонија, се возобнови Одделението за етнологија (кое престанало со работа во 1953 г., а етнологијата егзистирала само како предмет во рамките на студиите по географија до 1972 г.) како Завод за етнологија во рамките на Институтот за географија на ПМФ. Овој завод со образовна дејност започна во 1985/86 г. како двопредметни студии заедно со географија, а од 1988 г. се акредитираа четиригодишни студии по етнологија. Заводот за етнологија по дваесет години развој во рамките на Институтот за географија, во 2005 г. на Свечена седница на Институтот под раководство на проф. д-р Благоја Маркоски прерасна во Институт за етонологија кој во рамките на ПМФ функционира и денес.
Во 1946 г. наставата по географија ја изведувале наставниците: д-р Атанасие Урошевиќ вонреден професор, Јован Трифуноски предавач, Бранислав Русиќ предавач и Александар Малахов предавач. Во учебната 1948/49 г. во наставата се вклучува,Часлав Стојадиновиќ предавач, а во 1951 г. бил примен првиот асистент, подоцна проф. д-р Гиго Милески. Во периодот после 1956 г. кадрофскиот потенцијал хронолошки го чинат: проф. д-р Тодор Кондев, Милош Павловиќ, д-р Владимир Маер, проф. д-р Душан Манаковиќ, проф. д-р Митко Панов, проф. Јаким Синадиновски, проф. д-р. Миливој Гашевски, проф. д-р Иван Несторовски, д-р Митко Поптрендовски, проф. д-р Васил Граматниковски проф. д-р Станко Станкоски, проф. д-р Александар Стојмилов, проф. д-р Јордан Пенџерковски, проф. д-р Томе Андоновски, проф. д-р Васа Даскаловски, проф. д-р Драган Василески, проф. д-р Милорад Стојановиќ, проф. д-р Љубе Миленковски, проф. д-р Аслан Селмани, проф. д-р Михаило Зиков, доц. д-р Мирјана Ѓорѓиева, проф. д-р Никола Панов, проф. д-р Драган Колчаковски.
Во продолжение, актуелно на Институтот за географија работат: проф. д-р Благоја Маркоски, проф. д-р Ристо Мијалов, проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, проф. д-р Олгица Димитровска, проф. д-р Ивица Милевски, проф. д-р Билјана А.-Тошевска, проф. д-р Свемир Горин, проф. д-р Милена Талеска, проф. д-р Иван Радески, проф. д-р Дејан Илиев, вонреден проф. д-р Христина Димеска-Трајкова, вонреден проф. д-р Марија Љакоска, вонреден проф. д-р Горан Китевски, доц. д-р Владимир Златаноски, м-р Анита Тодорова, м-р Емилија Маневска, м-р Арсе Кузмановски и ЕКТС координатор Љубица Волчева Маркоска.
Додипломски студии
На Институтот за географија до 1976 г. постоеле само додипломски студии. На нив се изучувала класична географија со присуство на фундаменталните предмети од физичка, социјална, економска и регионална географија, со постојано присуство на предметите картографија, геологија и предмети со општо географска содржина поврзани со географијата по континенти и држави и педагошко методски предмети.
Ваквиот тренд продолжил до 1988 г. кога на додипломските студии на Институтот за географија покрај студиската програма од наставната насока се отворила и применета насока. Применетата насока функционираше неколку години, но поради проблеми со вработувањето истата е затворена.
До 2009 г. продолжи да функционира само наставна насока која е активна и денес. На неа се образуваат студенти кои се стекнуваат со титула дипломиран географ и дипломиран професор по географија со главна работна преокупација професор во основно и средно училиште.
После 2009 г. во духот на најновите правци на развој на географијата се оформи посебна насока за ГИС (географки информациски системи), која функционираше до 2022 г. На неа се образуваа кадри со титула дипломиран географ – географски информациски системи, кои ја совладуваат техниката и технологијата за организација и воспоставување на географски информациски систем за работа во разни проектантски фирми и институции.
На Институтот е оформена и насока од областа на туризмот на која се образуваат кадри со титула дипломиран туризмолог.
Малку подоцна е оформена и насока за демографија, меѓутоа на истата, не се пројави соодветен интерес за студирање.
Постдипломски студии
До 1976 г. надградбата на додипломските студии се реализирала надвор од Република Македонија, најчесто во Белград, Загреб, Љубљана и поретко на други места. Во 1976 г. на Институтот за географија при ПМФ во Скопје е формиран првиот постдипломски студиум од Просторно планирање.
Постдипломски студии од Просторно планирање. – Студиумот од Просторно планирање егзистираше од 1976 до 2006 г., а потоа повторно се акредитира во 2020 г. На овој студиум студентите се стекнуваат со титула магистер на географски науки. На него се школувани кадри од Институтот за географија, Архитектонскиот факултет, Градежниот факултет и Воената академија во Скопје.
Постдипломски студии од Тематска картографија. – Во 1998 г. на иницијатива и под раководство на проф. д-р Благоја Маркоски, а во функција на развој на картографско производство во Република Македонија се отвори постдипломскиот студиум од Тематска картографија. Овој студиум функционираше од 1998-2009 г. На него се школувани голем број постдипломци од географија, геодезија, воена академија и други, кои се стекнале со титула Магистер по географски науки – тематска картографија.
Постдипломскиот студиум од Тематска картографија во 2009 г. се трансформира и реакредитира во Постдипломски студиум од Географски информациски системи (ГИС), каде се образуваат кадри од најновиот правец на развој на географијата. Во текот на 2018 г. студиумот од ГИС се реакредитира во Постдипломски студиум од Картографија и Географски информациски системи. Овие студиуми генерално се под непосредно раководење на проф.д-р Благоја Маркоски и проф. д-р Свемир Горин.
Постдипломски студиум по Физичка географија. – Во 2004 г. се отвори постдипломски студиум од Физичка географија, кој егзистираше само неколку години.
Постдипломски студии Географски основи на планирањето на туризмот. - Во 2009 г. се акредитира постдипломскиот студиум Географски основи на планирањето на туризмот на кој се стекнува титула магистер по туризмологија.
Постдипломски студии по Демогеографија. – Во 2013 г. на Институтот за географија се акредитира Втор циклус - постдипломски студиум од областа на Демогеографијата, но истиот престана да функционира.
Докторски студии
Стекнувањето со титулата доктор на географски науки на Институтот за географија при ПМФ во Скопје се реализира од 1958 г. кога на Институтот се одбранети првите докторати од страна на Емануел Чучков и на Тодор Кондев, а потоа се редат одбрани на докторски дисертации на поголемиот број од кадровскиот потенцијал на Институтот. Само професорите кои биле од браншата геологија се докторирани на други универзитети и факултети (најчесто на Универзитетот во Белград).
Докторските студии до донесувањето на Законот за високо образование во 2009 г. се реализираа така што кандидатите кои што магистрирале пријавуваа тема за докторска дисертација и истата ја бранеа пред соодветна квалификувана комисија.
Со промени во Законот за високото образование, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” се организира школа за докторски студии, така што кандидатите полагаат одреден број испити, реализираат одреден број семинари и изработуваат и бранат докторска дисертација.
Во контекст на наведеното на Институтот за географија на ПМФ во 2012 г. се акредитирани докторски студии по географија, кои функционираат перманентно. На овие студии се стекнува научна титула Доктор по географски науки. Со нив раководи Совет на докторски студии, кој од 2012-2021 г. го раководи проф. д-р Благоја Маркоски, од 2021-2025 проф. д-р Ивица Милевски, а од 2025 г. проф. д-р Олгица Димитровска.
Списанија
Покрај наставно-образовната дејност, на Институтот за географија се развива научно-истражувачка и апликативна дејност, така што дел од тие резултати се објавуваат во неколку научни и стручни списанија. Од членовите на Институтот се публикуваат:
Годишен зборник, списание на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Досега има издадено 42 броја и понатаму има застој во издавањето на ова списание.
Билтен за физичка географија, списание на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Издадени се 8 броја. Списанието од 2011 г. наваму не се издава.
Гласник за социоекономска географија, списание на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Издадени се 3 броја. Списанието од 2011 г. наваму не се издава.
Географски разгледи, списание на Македонското географско друштво, се издава од 1962 г. и од него се издадени 59 броја. Списанието е со меѓународен уредувачки одбор и редовно се издава.
Географски видик, списание на Македонското географско друштво. Издадени се 6 броја. Списанието од 1981 г. наваму не се издава.
Наставниците и соработниците на Институтот за географија активно со реферати учествуваат на бројни научни собири во земјата и во странство, а во соработка со Македонското географско друштво (во кое главни носители се членовите на Институтот за географија) се јавува како организатор на шест конгреси на географите од РМ и на осум симпозиуми со меѓународно учество.
Конгреси на географите
Во Република Македонија се организирани 8 конгреси на географи и тоа:
Симпозиуми
Во организација на Институтот за географија и Македонското географско друштво се организирани:
Стручни собири
Стручните собири се во заедничка организација на Македонското географско друштво и Институтот за географија. Организирани се над 35 стручни семинари со наставниците од основните и средните училишта.
Индивидуалната публицистичка дејност
Особено е голема индивидуалната публицистичка дејност на членовите на Институтот за географија на ПМФ, која се гледа низ голем број публикувани универзитетски учебници, монографии и учебници по географија за учениците од основните и средните училишта.
Институтот за географија, како матична институција во која се формираат географските кадри е основа од каде произлегуваат авторите на учебниците за основните и средните училишта во Република Македонија. Во учебникарската дејност по географија за основните и средните училишта, од формирањето на Институтот главно како автори се појавуваат професорите Тодор Кондев, Митко Панов, Александар Стојмилов, Љубе Миленковски, Аслан Селмани, Томе Андоновски, Благоја Маркоски, Драган Василески, Никола Панов, Ристо Мијалов, Олгица Димитровска и други.
Особено е голема индивидуалната публицистичка дејност, која се согледува низ бројни универзитетски учебници и монографски изданија. Листата е релативно обемна, а овде се прикажани само некои од помаркантните изданија според времето на публикување.
Печатени универзитетски учебници и помагала и монографски изданија
Оваа листа на универзитетски учебници и монографии на наведените автори, но и на бројни други автори е значително поголема, така што ако се земат предвид и научните и стручни трудови на македонските географи тогаш нивниот број се изразува во илјади.
Научно истражувачки и апликативни проекти
Членовите на Институтот за географија на ПМФ во Скопје (во соработка со членови на Македонското географско друштво) се носители, учесници и изведувачи на поголем број заеднички проекти каде монографски се проучени поголем број регионални целини во Република Македонија и конкретни географски проблеми. Реализирани се над 50 научни и апликативни проекти, кои се одвивале преку Институтот за географија, а голем број проекти се реализирани индивидуално.
Носителите на овие проекти главно се членови на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Педагошка дејност
Во сферата на педагошката дејност голема улога имаат членовите на Институтот за географија на ПМФ во Скопје, кои перманентно или повремено се ангажирани во Бирото за развој на образованието како советници и изготвувачи на наставните програми по географија и во Педагошкиот совет на Република Македонија.
Како најактивни во оваа дејност од Институтот за географија се истакнуваат проф. д-р Митко Панов, проф. д-р Гиго Милески, проф. д-р Александар Стојмилов, проф. д-р Љубе Миленковски, проф. д-р Благоја Маркоски и други. Од Институтот за географија претседатели на Педагошкиот совет на Република Македонија биле:
Проф. д-р Благоја Маркоски бил и претседател на Советот за избор и одобрување на учебници за основното и средно образование.
Стручни екскурзии
Во духот на основниот географски метод на теренски обсервации Институтот за географија при ПМФ во Скопје, во своето работење организира и стручна теренска настава. Остварени се повеќе десетици стручни екскурзии во рамките на Република Македонија и во странство.
Покарактеристични се теренските настави кои се реализираат по неколку дена низ Р Македонија и оние во странство, така што во соработка со големите универзитетски центри се посетени Краков, Варшава и Познањ во Полска, Москва во Русија, Вороњеж во Украина, Будимпешта во Унгарија, Прага во Чешка, Виена во Австрија, потоа во последните дваесетина години се реализирани неколку патувања во Република Турција, теренска настава низ Македонските етнички територии во Албанија, Грција и Бугарија, стручни екскурзии во Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и др.
Редовно се организираат еднодневни теренски настави за студентите од географија.