Студентска пракса

Студентите ќе може да реализираат практична настава за академската 2023/2024 г., во период од 30 дена, до крајот на зимскиот семестар 2024/2025

 

Согласно воспоставената пракса изминатите години, верувам дека информациите за практична настава за академската 2023/2024 г., се веќе споделени на веб страните на институтите.

Како потсетување, информациите за реализација на практичната настава: Потврда (Упатница) за отпочнување со студентска пракса, Потврда за реализирана студентска пракса, Договор за студентска пракса, Пропратно писмо до фирмата за реализација на договорот, Склучени договори за реализација на студентска пракса (секој институт изготвува список на склучени договори за реализација на практична настава), треба да бидат споделени на веб страната на секој институт.

1) Студентите може да реализираат практична настава за академската 2023/2024 г., во период од 30 дена, до крајот на зимскиот семестар 2024/2025 г., во компании, фирми, државни установи од различен тип или во некоја од лабораториите на соодветниот институт.

2) Доколку студентот одлучи да ја реализира летната пракса во некоја установа која не се наоѓа на Списокот на компании и установи со кои Природно-математичкиот факултет има склучено договор, потребно е да се склучи нов договор за соработка.

3) Студентот пред да започне со летната пракса потребно е да достави Потврда (Упатница) за отпочнување со студентска пракса пополнета во три примероци, во точно назначена просторија на институтот (ЕКТС координатор на ИГ)

4) По завршување на праксата студентот треба да достави еден примерок Потврда за реализирана практична настава, пополнета, потпишана и заверена од фирмата каде се одвивала праксата, во точно назначена просторија на институтот (лабораторија / библиотека / канцеларија). Студентот не ја носи Потврдата во Одделението за студентски прашања.

5) Потврдите ги собира одговорно лице (раководител, библиотекар, виш лаборант..), прави копии за во архивата на институтот и ги носи оригиналите во Одделението за студентски прашања. Оригиналната Потврда се става во студентското досие.

 

Документи:
Склучени договори за реализација на практична настава
Потврда за реализирана студентска пркса
Пропратно писмо за реализација на практична настава
Договор за реализација на практична настава
Потврда за отпочнување со студентска пракса


© 2024. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.