
Во рамките на ПМФ, Институтот за географија располага со простор кој се состои од 2 амфитеатри, 4 училници, 6 лаборатории (за картографија, за геологија, за геоморфологија, за климатологија и хидрологија, за социоекономска географија и компјутерска лабораторија), 19 кабинети, 1 библиотека и други помошни простории со вкупна површина од над 1.200m2. Во нив се изведува основната функција на работењето, како во смисла на непосредното изведување на наставата така во смисла на искористување на просториите и опремата за научноистражувачка и апликативна работа.
Институтот за географија согласно со својот развој поседува и соодветна техничка опременост. Училниците се опремени со нагледна опрема (телевизори, видео бимови, графоскопи и разни други апаратури). Институтот поседува неколку лаборатории меѓу кои компјутерска лабораторија со околу 20 персонални компјутери. Соодветно на новите информатички технологии е воспоставена интернет комуникација, така што се создадени основите за посовремено работење.
Во првата деценија од 21-ви век се оформија и соодветно опремија наменски лаборатории со современа опрема и апаратура за разни наставно вежбовни активности и научно истражувачка и апликативна работа. Сите кабинети поседуваат соодветна опрема за индивидуална работа на вработените со што се создадени услови за перманентно осовременување на наставата на институтот.
Институтот за географија е соодветно организиран за спроведување на теренски настави од секаков вид каде студентите се во можност непосредно на терен да видат разни објекти, појави и процеси кои се предмет на проучување во географијата.
Институтот за географија располага со збирка на карти од околу 7000 примероци, кои служат за изведување на наставата, како и за одредени научни потреби. Застапени се неколку комплети на ѕидни карти со различна содржина и просторен опфат во кои спаѓаат и специјални тематски карти. Освен тоа, Институтот располага со неколку збирки на топографски карти во различен размер, со кои е опфатена територијата на РМ.
Во рамките на Институтот за географија исто така егзистира пообемна минералошка, петрографска и збирка на бројни фосилни наоди од разни геолошки периоди.
Компјутерската опременост на Институтот е оформена, такашто е овозможена прецизна техничка работа во процесот на картографската технологија на работење. На Институтот за географија се работи и на најновите ГИС технологии.
Бидејќи значаен дел од наставата се изведува на терен, Институтот за географија располага со бројна поситна апаратура која е на располагање во процесите на наставата.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 1 | 2 | 3 |
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |