Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје во содејство со Македонското географско друштво на ден 21.12.2022 г. во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје одржа СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД НАД 150 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ГЕОГРАФСКА МИСЛА И 100 ГОДИНИ ОРГАНИЗИРАНО ГЕОГРАФСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
На Свечената академија покрај членовите на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје и Управниот одбор на Македонското географско друштво присуствуваа и претставници на Македонската академија на науките и уметностите, Филозофскиот факултет и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Бирото за развој на образованието, Државниот завод за статистика на Република Македонија, Агенцијата за просторно планирање, Агенцијата за катастар на недвижности, претставници на Институтите за биологија, етнологија, математика, физика и хемија при Природно математичкиот факултет во Скопје и други гости.
Учесниците на Свечената академија беа поздравени од претседателот на:
-Организациониот одбор на Свечената академија проф. д-р Благоја Маркоски,
-Деканот на Природно математичкиот факултет проф. д-р Александар Скепаровски, како домаќин на настанот,
-Раководителот на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Мирјанка Маџевиќ,
-Претседателот на Македонското географско друштво доц. д-р Христина Димеска Трајкова и
-Деканот на Филозофскиот факултет, Проф. д-р Ратко Дуев, како претставник на факултетот во чиј состав пред 100 години е започнато организираното географско образование во Македонија.
Свечената академија по повод над 150 години македонска географска мисла и 100 години организирано географско образование во Македонија беше збогатена со серија стручни предавања за настаните во развојот на географската мисла и образование. Стручните предавања претставуваа сет од хронолошки подредени содржини, така што беа презентирани неколку предавања:
Проф. д-р Никола Димитров, зборуваше на тема:
Македонската географска мисла во 19-от и почетокот на 20-ти век
Проф. д-р Благоја Маркоски, говореше за:
Географското образование и наука во Македонија во изминатите 100 години
Проф. д-р Олгица Димитровска, го прикажа
Научниот и наставен опус на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје
Проф. д-р Ивица Милевски, зборуваше за:
Меѓународна соработка на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје, а
Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, го прикажа
Прегледот на студиските програми на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Свечената академија, како настан беше искористена и за доделување на признанија. Така, овој пат, Плакета за придонес во развојот на географијата им беше доделена на:
На Свечената академија по повод над 150 години македонска географска мисла и 100 години организирано географско образование во Македонија со акламација беше донесена Резолуција за состојбата и правците на идниот развој на географската наука и образование во Македонија.
Свечената академија се заврши со благодарности, кои ги изрази претседателот на Организациониот одбор проф. д-р Благоја Маркоски до членовите на организациониот одбор, предавачите на настанот, деканот и деканатската управа на Природно математичкиот факултет во Скопје и учесниците на Свечената академија, кои со своето присуство го овековечија овој редок културолошки настан во развојот на науките и образованието во Македонија.
Како финален резултат од Свечената академија, се изготви Зборник кој што може да се преземе на следниов линк.
Проф. д-р Благоја Маркоски,
Доц. д-р Владимир Златаноски
ФОТО ГАЛЕРИЈА
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |