CEEPUS ( Централноевропска програма за мобилност во високото образование) е мултилатерална универзитетска програма. Во CEEPUS мрежата членуваат 15 земји.
Главната активност на CEEPUS е вмрежување универзитети од земјите-членки кои работат на заеднички програми. Во рамките на овие мрежи, CEEPUS покрива грантови за мобилност за студенти и наставници од оние универзитети кои ги исполнуваат условите. Од 1995 година доделени се приближно 82.000 апликации за мобилност во рамките на програмата.
Актуелни земји членки во CEEPUS мрежата се: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Република Словачка и Словенија.
Институтот за географија е дел од GEOREGNET мрежата која што поврзува земји од Централна Европа и Балканот во областа на географијата и регионалниот развој. Во GEOREGNET се вбројуваат 15 земји, што овозможува размена на информации, знаења и искуства меѓу студентите и научниците и им помага да ги прошират своите знаења, практики и искуства.
Главни активности се:
- размена на наставници и студенти на додипломски, постдипломски и докторски студии
- годишна организација на летна школа GEOREGNET
- организација на географски екскурзии
- заеднички публикации во рецензирани списанија
- промоција на CEEPUS
Пријавување за размена
– Фази и чекори
1. Фаза (пријавување во сопствената земја)
Бирање на стипендија
Пријавување (Application form преку интернет)
Доделување на стипендијата
Прифаќање на доделената стипендија
Подготовки за поаѓање
2. Фаза (користење на стипендијата во земјата домаќин)
Престој
Домаќинот пополнува потврда за учество (Letter of Confirmation)
3. Фаза (документирање во сопствената земја)
Letter of Confirmation се предава на NCO
Поднесување извештај за престојот во рок од 14 дена по враќањето
Забелешка: Тие кои нема да ја искористат доделената стипендија, и не ја одјавиле на време, ќе им биде оневозможено понатамошно доделување на стипендии.
CEEPUS Координатор:
Проф. Д-р Христина Димеска Трајкова
E-пошта: hristina@pmf.ukim.mk