Географскиот портал е официјална интернет страна на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Симболично, со објавување на првата статија, порталот започна со работа на новата платформа на 16.12.2023 година, односно, денот кога се празнува 77 годишнината од основањето на Природно-математичкиот факултет, во чии рамки веќе 65 години функционира и Институтот за географија, како единствен географски институт во Македонија.
Идејата на порталот е да претставува современа врска меѓу Институтот и сите географи: сегашни и идни, од земјава и пошироко, како и за сите љубители на географијата и географската мисла.
Порталот третира теми од сите географски области, но и од сродните географски дисциплини и помошни географски науки. Со седмична динамика, порталот публикува географски вести и актуелности, резултати од различни релевантни публикации, известува за институтски активности и слично.
Главен и одговорен уредник на географскиот портал е доц. д-р Владимир Златаноски, додека останатиот дел од уредувачкиот одбор го сочинуваат членови на Институт за географија.
Географскиот портал е отворен за комуникација, размена и промоција на идеи и активности.
Контакт електронска пошта: gp@pmf.ukim.mk
Следете нè!
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |