Соопштенија

18 септември 2024

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТРИ

Почитувани студенти,Во продолжение споделуваме со вас неколку важни информации кои се однесуваат наодредени новини во постапката за заверување и запишување на семестрите и ве замолувамевнимателно да ги прочитате:

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТРИ   
Видео упатство (Видео линк#mce_temp_url#)

Како дел од процесот на дигитализација на административните постапки наУниверзитетот, почнувајќи од зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година,заверувањето и запишувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат,без потреба од пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци:

- Образец за заверување на семестар

- Образец за запишување на семестар.

на шалтерите на студентските служби.

Системот автоматски ги креира споменатите обрасци врз основа на податоците штостудентот ги внесува при изборот на предмети што планира да ги запише во претстојниотсеместар (Образец за запишување на семестар), како и врз основа на електронските потписивнесени во iKnow системот од страна на предметните наставници, во врска сореализираните обврски во претходниот семестар (Образец за заверка на семестар).Документите се појавуваат во јазичето (табот) „Документи“ во профилот на студентот.

ВАЖНО: Бидејќи во процесот на автоматско генерирање на споменатите обрасци, iKnowсистемот проверува дали студентот има добиено потписи за предметите кои ги слушал восеместарот што се заверува, а поради можната условеност на предметите кои студентот сакада ги запише во следниот семестар, системот ги проверува и претходно положенитепредмети, ве замолуваме да се најавите на своите профили и да проверете дали се внесениво iKnow системот потписите за слушаните предметите и оценките за положените испити.Доколку недостасуваат потписи или оценки обратете се на своите матични факултети.

При запишување на секој семестар, во пресметката на вкупните трошоци се придодава новаставка „Запишување и заверување на семестар“, со цена на чинење 100 денари посеместар, наменети за покривање на трошоците за реализацијаи одржување на дигиталнатауслуга. Уплатените средства се однесуваат на запишување и заверување на тековниотсеместар.

ИСКЛУЧОЦИ КОИ ЌЕ ВАЖАТ САМО ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕСТОЈНИОТ ЗИМСКИСЕМЕСТАР!

1. Студентите запишани на некој од следниве факултети:

− Економски факултет

− Стоматолошки факултет

− Факултет за музичка уметност

− Факултет за физичко образование, спорт и здравје

кои се уште го немаат заверено летниот семестар од учебната 2023/2024 година,заверувањето на семестарот треба да го направат како и досега со пополнување иподнесување на Образец за заверување семестар во хартиена форма на шалтерите настудентските служби. Овие студенти, како и сите други, запишувањето на зимскиотсеместар од учебната 2024/2025 година ќе го прават по електронски пат и притоа ќе требада уплатат 100 денари.

2. Студентите на сите останати факултети, заверувањето на летниот семестар одучебната 2023/2024 година ќе го направат по електронски пат заедно за запишувањетона зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година. Кај нив, во делот за уплати воiKnow-системот, ставката „Запишување и заверување на семестар“ само овој пат ќеизнесува 150 денари. Почнувајќи од летниот семестар од учебната 2024/2025 година,па натаму, таа ќе биде вратена на износот од 100 денари по семестар.

II. ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ IKNOW СИСТЕМОТ

Од минатата учебна година плаќањето на трошоците кои произлегуваат од процесот настудирање може да се изврши електронски, со платежна картичка, директно од профилотна студентот во iKnow-системот.На истиот начин студентот може да врши уплати по основ на трошоци за други услуги нафакултетот, како што се: издавање на разни уверенија, потврди и друг вид на обрасци.

Во врска со безбедноста при овој начин на плаќање ве информираме дека податоците одплатежните картички не се регистрираат од страна на iKnow-системот. Делот од постапкатакаде се внесуваат податоците од картичката се врши на интернет страницата на КаСис, које независен процесор кој нуди услуги на деловни банки, финансиски институции и другизаинтересирани субјекти од областа на работењето со платежни картички и електронскататрговија и ги поседува потребните сертификати за заштита на податоците.Препорачуваме да го користите овој начин на плаќање!
Видео упатство (Видео Линк#mce_temp_url#) 

Доколку студентот одлучи плаќањето на трошоците да не го изврши по електронски пат(преку iKnow-системот), тогаш долгувањата:

− Партиципација/Школарина (се плаќа на сметка на факултетот, објавена одфакултетот)

− Останати специфични трошоци за потребите на студирањето (се плаќаат насметка на факултетот, објавена од факултетот)

− ИКСА (се плаќа само при запишување на зимските семестри на сметка наУниверзитетот)

− Трошоци за запишување и заверување на семестар (се плаќаат на сметка наУниверзитетот)

се извршуваат вирмански, при што потврдата за уплатите треба да се достави достудентската служба. Уплатите на сметката на Универзитетот се извршуваат на образецПП50 со следните податоци:

Жиро-сметка: 100000000063095 депонент: Народна банка на РСМ,

Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

Приходна шифра: 723012 програма: 41 за трошоците за ИКСА

Приходна шифра: 723019 програма: 41 за трошоците за запишување и заверување насеместарцел на дознака кај трошоците за ИКСА:

ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведефакултетот - носител на студиската програма),цел на дознака кај трошоците за запишување и заверување на семестар: запишувањеи заверка на семестар, (да се наведе семестарот за кој се однесува плаќањето).

ВАЖНО: iKnow-системот нема да дозволи запишување на семестар застуденти коиимаат неподмирени долгувања од претходни семестри!


17 септември 2024

ОДЛУКА за Делумно ослободување  од партиципација/школарина на особено успешен студент

УНИВЕРЗИТЕТ ”СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” во Скопје ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје

Врз основа на член 84 став 1 алинеја 2 од Статутот на Природноматематичкиот факултет — Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бра 464/2019 и 464/2021анекс), постапувајКи по предлогот на продеканот за наставни и студентски прашања, Деканатската управа на Факултетот, на 11-та редовна седница  одржана на ден 5-9.2024 година, ја донесе следната:

ОДЛУКА за Делумно ослободување од партиципација/школарина на особено успешен студент

           1. Студентот со статус на особено успешен студент и остварен просечен успех од 9-50 10.00 има право на делумно ослободување од плакање на партиципација, односно школарина.

         2. Делумното ослободување од партиципација, односно школарина е во висина од 60 00 од износот на партиципацијата за упис на семестарот.

             З. За да го оствари правото на ослободување од член 1 и член 2 на оваа одлука, студентот е должен да ги положи сите предвидени испити со студиската програма од претходните семестри.

                4. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а Ке се применува за учебната 2024/2025 година.       


17 септември 2024

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА за определување на роковпте за запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година

УНИВЕРЗИТЕТ ”СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” во Скопје ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје

Врз основа на член 84 став 1 точка З од Статутот на Природноматематичкиот факултет - Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и №1етодиј” во Скопје (Универзитетски гласник 61). 464/2019 п 464/2021-анекс), постапувајКи по предлог на Продеканот за наставни и студентски прашања, Деканатската управа на Факултетот, на 11-та редовна седница одржана на ден 5-9.2024 година, ја донесе следната:

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА за определување на роковпте за запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година

  1. Студентот може да го запише ЗИМСКИОТ семестар во учебната 2024/2025 година во период од 16.9.2024г. до 30.9.2024 година.
  2. Студентот кој не го запишал зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година во определениот рок во член 1 од оваа одлука, тоа може да го стори во период од 1.10.2024 година до 14.10.2024 година, со поднесено барање со образложение и плаКање на надоместок за задоцнето запишување, утврден во Анексот на Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломск“и студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзптетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје („Универзитетски гласник” бр. 689, 26 јуни 2024)

З. По истекот на рокот од член 2 на оваа одлука, на студентот нема да му биде дозволено запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година.

  1. Барање за мирување на студиите студентот може да побара во роковите за упис на семестарот, но не подоцна од 14.10.2024 година.
  2. Студентите кои до 14.10.2024г. Ке ја одбранат својата дипломска работа се ослободуваат од запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година.
  3. Се предлага на Наставно-научниот совет да ја донесе оваа одлука.
  4. Предлог одлуката стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

 

 


16 септември 2024

Известување за запишување на зимскиот семестар во учeбната 2024/2025 година

Почитувани студенти,  

Ве известуваме дека запишување на зимскиот семестар во учeбната 2024/2025 година, ќе  започне од 18.09.2024 г. наместо од 16.09.2024 година (табела) и истото ќе се одвива како целосно  дигитализиран процес на Универзитетот. 

Почнувајќи од зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година, запишувањето и  заверувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат, без потреба од  пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци ( образец за запишување на семестар и образец за заверување на семестар) на шалтерите на Одделението за студентски прашања.  Уплатите, исто така ќе се одвиваат по електронски пат, преку Iknow системот. 

Поради технички усогласувања во системот, новите функционалности ќе бидат набрзо  достапни за користење од страна на студентите, а соопштението за запишување на семестарот и  постапката ќе биде објавена на 17.09.2024 година. 

Во табелата се дадени роковите за упис на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година. 

Табела 

 

Редовен рок

 

18.09.2024 до 30.09.2024 г

 

/

 

 

Запишување на семестар по истекот на рокот

 

 

 

01.10.2024 г. до 14.10.2024 г.

со поднесено барање со образложение и уплата на надоместок за задоцнето запишување во износ од 1.500 денари, при поднесување на

барањето

 

 

Мирување на студиите

 

 

до 14.10.2024 г.

со поднесено барање со образложение и соодветна документација, како доказ, за причините на мирувањето и уплата на надоместок за мирување во износ од 2.000 денари, при поднесување на

барањето

 

Рокови за одбрана на дипломска работа

 

до 14.10.2024 г.

студентите се ослободуваат од запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година

 

 



30 јули 2024

ПСИХОЛОГИЈА- АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО    УЧ.2023/2024 ГОДИНА

 

I декада 

26.8.2024 од 10.00 часот во Големиот амфитеатар  на Филозофскиот факултет во Скопје. 

II декада 

10.9.2024 од 10.00 часот во Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 


30 јули 2024

ПЕДАГОГИЈА-АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО  УЧ.2023/2024 ГОДИНА

I декада 

26.08. (понеделник) во 11 часот во предавална 10 на Филозофскиот факултет во Скопје. 

II декада 

03.09. (вторник) во 11 часот во предавална 10 на Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет 

borcekostov@yahoo.com 


30 јули 2024

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО    УЧ.2023/2024 ГОДИНА

    I декада 

13.9.2024 во 9 часот во амфитеатар А1 на Филолошки факултет 

II декада 

24.9.2024 во 9 часот во амфитеатар А1 на Филолошки факултет 

Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет     s.sazdov@yahoo.com 


21 јули 2024

Испити во август-септемврискиот испитен рок кај проф. д-р Ивица Милевски

Испитите во август-септемврискиот испитен рок кај проф. д-р Ивица Милевски ќе се одржат на 2.09. и на 12.09. со почеток од 10.30 часот. За евентуални промени, студентите ќе бидат навремено известени. 


10 јули 2024

Септемвриска испитна сесија 2024 кај проф. д-р Свемир Горин

Испитите по предметите кај проф. д-р Свемир Горин ќе се одржат на 22/8/2024 (четврток) прва декада и 18/9/2024 (среда) Втора декада. Испитите ќе започнат во 8 часот.

Резултатите од испитите може да ги видите во iKnow системот.

Задолжително  испитите да се пријавени во iKnow и да се носи: индекс и пријава. Неколку дена пред закажаните термини, проверете дали има промени во термините.


09 јули 2024

ЈАВНА ОДБРАНА НА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА

Почитувани,

 На ден 15.07.2024 (понеделник)  во  10:00  часот во предавална 95 на ПМФ -ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА  е закажана јавна одбрана на докторската дисертација

на м-р ПАВЕЛ ВЕЉАНОСКИ   со наслов "АНАЛИЗА НА ПРОЦЕСИТЕ И ИДНИТЕ ПРАВЦИ НА УРБАНИЗАЦИЈАТА ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН".

 Одбраната е  ЈАВНА  и секој   може да  присуствува


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.