ПОТПИСИ - Италијански јазик 1 и Италијански јазик 3
Проф.д-р.Александра Саржоска ќе дава потписи за летниот семестар во учебната 2025/2026 г.(електронски и во индекс) на 20.05.2026 година во 10 часот во мултимедијален центар на Филолошки факултет во Скопје.
Предметен наставник, Проф. д-р Александра Саржоска
Соопштение за заверка на летниот семестар во учебната 2025/2026 година за студентите од ПРВ ЦИКЛУС студии 8 јуни 2026 г. до 19 јуни 2026 г. од 11:00 до 15:00 часот
Се известуваат редовните и вонредните студенти од прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека согласно Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2025/2026 година, заверката на летниот семестар во учебната2025/2026 година ќе се одвива на шалтерите од Одделението застудентски прашања во периодот
од:8 јуни 2026 г. до 19 јуни 2026 г. од 11:00 до 15:00 часот
Студентот на шалтер треба да достави:
индекс и доказ испечатена слика од својот екран за завршено анкетирање (aнкета „Перцепција на студентите за квалитетот на наставата) за предметите од летниот во учебната 2025/2026 година.
Потписи во индекс: студентите во индексот треба уредно да има собрани сите потписи од предметните професори за остварени обврски,за ислушани предавања и изработени вежби во летниот семестар во учебната 2025/2026 година
.Потписи во електронското досие (iknow системот) на студентот:студентите треба да ги имаат добиено сите електронски потписи во своитепрофили, во Модулот предмети.Со потписите, на студентите им се потврдува дека ги исполниле предвидените наставни обврски.
Студентите кои не ги извршилепропишаните обврски со студиската програма и не добиле потписи, не треба да пристапат на испит.
Потписите се задолжителни и за предметите кои се запишани по прв пат, како и за предметите кои се презапишуваат.
Согласно Календарот на активности за зимски и летен семестар воучебната 2025/2026 година, давање потписи за летниот семестар(електронски и во индекс) ќе се одвива од 25.05.2026 до 03.06.2026 година
.Напомена 1 Студентите кои во летниот семестар немаат запишано нитуеден предмет, односно имаат извршено административен упис на семестар без предмети, не треба да го заверуваат семестарот.
Напомена 2 Студентите на кои им е одобрено барањето за плаќање напартиципација/школарина на рати за летниот семестар во учебната2025/2026 г. (2 рата - 23 март 2026 година и 3 рата 23 април 2026година), доколку досега не ги извршиле уплатите, задолжително да ги подмират сите задоцнети рати до вкупниот износ запартиципацијата/школарината за семестарот и да достават уплатница наденот на заверка на семестарот.
Термини за полагање кај проф. д-р Ивица Милевски во јунскиот и август-септемврискиот испитен рок
Термините за полагање испити кај проф. д-р Ивица Милевски во јунскиот и август-септемврискиот испитен рок се како што следува:
Јунски испитен рок: 11.06 (прва декада) и 24.06 (втора декада) со почеток во 10.30 часот;
Август-септемвриски испитен рок: 26.08 (прва декада), 22.09 и 23.09 (втора декада), со почеток во 10.30 часот.
За начинот (усмено/писмено) и просторија за изведување на испитот ќе се договориме на самиот термин.
во втората испитна сесија во учебната 2025/2026 година за студентите на ПРВ циклус студии
Tермини за испити
Испитите по предметите кај проф. д-р Христина Димеска Трајкова ќе се одржат на:
- Јунска сесија: 09/06/2026 (вторник) прва декада и 19/06/2026 (петок) втора декада;
- Август-септемвриска сесија: 31/08/2026 (понеделник) прва декада и 11/09/2026 (петок) втора декада;
Испитите ќе започнат во 10 часот.
Термини за потпис 08.06.2026 година.
Одржано предавање од страна професор емеритус Stephen Young од Универзитетот Салем (Massachusetts, USA), посветено на актуелната проблематика на климатските промени.
На ден 29.04.2026 година, на ПМФ – Институтот за географија, предавање одржа професор д-р емеритус Stephen Young од Универзитетот Салем (Massachusetts, USA), на тема: „Temperature and Snow Cover Change in New England, USA“ посветено на актуелната проблематика на климатските промени.
Во рамки на предавањето, професорот Јанг презентираше примена на три различни модели за анализа на климатските промени во период од околу 140 години. Истражувањата беа особено фокусирани на регионот New England (USA), при што беа прикажани долгорочни трендови и варијации. Дополнително, беше направена и компаративна анализа со истражувања што се однесуваат на Европа и Соединетите Американски Држави, со цел да се согледаат сличностите и разликите во климатските промени на различни просторни нивоа.
Презентираните податоци беа јасни и загрижувачки – во последните две децении, екстремните временски и климатски настани предизвикале огромни штети. Ова укажува на сериозни последици врз економијата, безбедноста и можностите за одржлив развој. Посебен акцент беше ставен на неопходноста од континуирано следење на климатските процеси, како и развој на прецизни модели и сценарија кои ќе овозможат подобро разбирање и навремено справување со идните предизвици.
Голема благодарност до сите студенти, асистенти и професори кои со внимание и интерес го проследија предавањето и придонесоа кон квалитетна академска дискусија.
Јунска и август-септемвриска испитна сесија кај проф. д-р Иван Радевски
Испитите во претстојните сесии кај проф. д-р Иван Радевски ќе се одржат во следните термини:
● Jунска сесија: 9.6.2026 (прва декада) и 23.6.2026 (втора декада) ● Август-септемвриска сесија: 9.9.2026 (прва декада) и 23.9.2026 (втора декада)
Сите испити започнуваат во 8:30 часот и ќе се реализираат во просторија број 81 (хидролошка лабораторија).
Јунска и август-септемвриска испитна сесија кај проф. д-р Благоја Маркоски
Испитите во претстојните сесии кај проф. д-р Благоја Маркоски ќе се одржат во следните термини:
● Jунска сесија: 10.6.2026 (прва декада) и 24.6.2026 (втора декада)
● Август-септемвриска сесија: 10.9.2026 (прва декада) и 24.9.2026 (втора декада)
Сите испити започнуваат во 9.00 часот и ќе се реализираат во просторија број 80 (картографска лабораторија).
Термини за јунска (втора) и августовско-септемвриска (трета) испитна сесија 2026 кај проф. д-р Свемир Горин
Јунска испитна сесија-Прва декада: 8 јуни 2026 во 8:30 часот
Јунска испитна сесија-Втора декада: 19 јуни 2026 во 8:30 часот
Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија-Прва декада: 16 септември 2026 во 8:30 часот
Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија-Втора декада: 30 септември 2026 во 8:30 часот
Студентите испитите треба да ги пријават во iKnow и со себе да носат индекс и пријава. Неколку дена пред закажаните термини, проверете дали има промени во термините.
Термини за јунска и августовско-септемвриска испитна сесија кај проф. д-р Марија Љакоска
Јунска испитна сесија - Прва декада: 11 јуни 2026 во 10:00 часот
Јунска испитна сесија - Втора декада: 25 јуни 2026 во 10:00 часот
Августовско - септемвриска испитна сесија - Прва декада: 10 септември 2026 во 10:00 часот
Августовско - септемвриска испитна сесија - Втора декада: 24 септември 2026 во 10:00 часот
Испитите задолжително да се пријават во iKnow системот. Просторијата за полагање ќе биде одредена на денот на спроведување на испитите.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |