Д-р Васа ДАСКАЛОВСКИ (1948 ‒ 2003), редовен професор, е роден на 21 јуни 1948 г. во с. Јабука, Панчево, Република Србија. Своето основно образование го стекнал во родното место и во Панчево, а гимназиско завршил во Охрид, во 1967 г. Една година бил работник во градежништво. Студиите ги започнал во 1968/69 г. на ПМФ, Институт за географија. Дипломирал во редовниот рок со среден успех 9,23, за што е награден и пофален. По стажирањето на Институтот за географија, на 1 јануари 1975 г. е избран за помлад асистент. Магистерската тема „Современи миграциони процеси во општина Струга“ ја одбранил во 1980 г. на Отсекот за географија и просторно планирање при ПМФ во Белград. Во 1984 г. докторирал на Географскиот факултет со дисертацијата со наслов „Просторно-морфолошка структура и популациски развиток на населбите во Скопската Котлина“. За предавач е избран во учебната 1981/82 г., за доцент во 1985, за вонреден професор во 1991, а за редовен професор во 1996 г., звање со коешто е реизбран во 2001 г., по предметите географија на населението и географија на населбите. Бил член на Македонското географско друштво, Географското друштво на Скопје и ДНУ ‒ Струга, член на Советот за статистика на РМ, раководител на Заводот за социоекономска географија на Заводот за етнологија на Институтот за географија и член на разни тела и комисии на Факултетот и надвор од него. Како самостоен истражувач и раководител учествувал во 16 проекти, финансирани од МАНУ, СИЗ за наука, ИПП ‒ Охрид и Министерството за наука на РМ. Објавил 4 труда во интернационални списанија, 7 труда во национални списанија во странство, 37 труда во научни списанија и во 12 зборници во земјата и 8 стручни труда во други списанија. Учествувал со соопштенија на 4 конгреси во странство и на 2 во земјата, на 7 научни собири и симпозиуми во странство и на 11 во земјата.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |