In memoriam д-р Тодор Кондев

Предмети



Биографија

Д-р Тодор КОНДЕВ (1903‒1978), редовен професор, е роден на 20 март 1903 г. во Кратово. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназија учел во Штип и во Куманово, каде што матурирал во 1922 г. Во истата година се запишал на Филозофскиот факултет, на групата за географија, во Скопје. Студиите успешно ги завршил во 1926 г. Како лице со високо образование, служел воен рок во Школата за резервни офицери во Сараево. Во првата година на своето службување, за приправник-професор по географија бил назначен во Куршумлија, потоа во Прокупле (сè до 1927 г.). Потоа бил преместуван во разни места. Во 1928 г. бил назначен за приправник-професор во Државната трговска академија во Битола. По положувањето на државниот испит бил преместен во Суботица (во 1931 г.), потоа во Нови Сад, а во 1939 г. во Средното економско училиште во Белград, каде што останал сè до 1941 г. Во август 1941 г. бил назначен за наставник во Трговската гимназија во Скопје. По ослободувањето бил назначен за директор на Економскиот техникум во Скопје, каде што работел до 1953 г. Тогаш Тодор Кондев веќе имал 27 години активно наставничко искуство, преместуван на повеќе работни места. Така, како солиден стручњак, збогатен со големо педагошко искуство, во 1953 г. е поканет да изведува настава на Групата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. На овој Факултет се здобил со научниот степен доктор по географски науки, и како редовен професор останал сè до пензионирањето. За време на својот работен век, проф. Кондев на Географскиот институт заземал повеќе раководни функции. Во еден мандатен период бил и продекан на ПМФ. Неговата научна работа била насочена кон областа на економската географија и географијата на населението и населбите. Од наведените области објавил повеќе трудови.

© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.