In memoriam д-р Иван Несторовски

Предмети



Биографија

Д-р Иван НЕСТОРОВСКИ (1921‒1976), редовен професор, е роден на 17 март 1921 г. во Тресонче, каде што завршил основно образование. Гимназија учел во Крушевац и во Скопје. Студирал геологија на Универзитетот во Белград. Големиот интерес кон геологијата и добриот успех во студиите го довеле до звањето асистент на Географскиот институт на ПМФ во Скопје. По докторирањето, достигнал до звањето редовен професор. Неговата научна ориентација била регионалната геологија. Ги решавал, исто така и проблемите од инженерската и економската геологија. Зазема видно место во групата геолози кои имаат дадено значаен придонес во развојот на геолошките истражувања и сознанија во РМ. Починал во 1976 г.

© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.