In memoriam Јаким Синадиновски

Предмети



Биографија

Јаким СИНАДИНОВСКИ (починат), редовен професор, е роден на 13 април 1924 г. во с. Леуново, Гостиварско. Основно образование завршил во Гостивар и два класа учителско училиште во Скопје. Во 1940 г., уште како ученик бил примен во СКОЈ и затоа во 1941 г. бил исклучен од училиштето. Во 1942 г., како активен член на Комунистичката партија на Македонија, преминал во илегалство, а во 1943 г. бил заробен и одведен во затвор во Тирана. По бегството заминал со албанските партизани. По формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада станал нејзин борец, сè до почетокот на 1944 г., кога заминал на должност комесар на баталјон на Шестата ударна бригада. Потоа бил инструктор на политичкото одделение на 41. Дивизија во Куманово, сè до 1950 г., кога на сопствено барање, заради продолжување на образованието, бил демобилизиран во чин мајор. Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Групата за филозофија, во 1953 г. Во 1962 г., на Универзитетот во Скопје предавал филозофија, марксизам и политичка економија. Пред доаѓањето на Универзитетот, бил уредник на рубрика во Нова Македонија и директор и основач на Работничкиот универзитет во Скопје. Во целиот период до пензионирањето вршел голем број општествени функции. Добитник е на повеќе награди и признанија и носител на Партизанска споменица 1941 г. Објавил голем број трудови од областа на социологијата. Пензиониран е во 1985 г.

© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.