In memoriam д-р Љубе Миленковски

Предмети



Биографија

Д-р Љубе МИЛЕНКОВСКИ (1937‒1993), вонреден професор, е роден на 5 јуни 1937 г. во с. Сопот, Свети Николе, во коешто го завршил своето основно образование. По завршувањето на Учителската школа во Скопје, во 1958 г., се вработил во основно училиште каде што работел шест години. По завршувањето на Педагошката академија во Скопје, група историја ‒ географија, и по дипломирањето на Институтот за географија при ПМФ, во 1969 г. се запишал на постдипломски студии на ПМФ во Белград, група за географија, каде што со успех ја одбранил магистерската теза под наслов „Бањски туризам во СР Македонија“. Во 1983 г. на Географскиот факултет во Скопје ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Социо-географски и аграрни карактеристики на Гевгелиско-валандовската Котлина“. По завршувањето на факултетското образование работел како наставник и професор, првин во основно училиште, а потоа во Гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во 1972 г. бил избран за директор на ОУ „Кузман Шапкарев“, и на оваа должност останал три години, а потоа преминал на работа во Републичкиот завод за школство, како самостоен педагошки советник за наставата по географија. Од 1975 до 1985 г. бил професор по предметот географија на СФРЈ на Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје, на којашто бил и директор. Во 1985 г. е избран за доцент на Географскиот факултет, а во 1989 г. за вонреден професор. Во својата долгогодишна наставно-научна дејност, тој секогаш беше максимално ангажиран и постигна видни резултати. Значаен дел од неговата научноистражувачка активност беше насочен кон аграрната географија и методиката на наставата по географија. Беше вклучен и во работата на Македонското географско друштво. Почина во 1993 г.

© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.