Д-р Мирјана ГОРГИЕВА (1956‒2002), доцент, е родена на 20 март 1956 г. во с. Драмче, општина Делчево. Основно училиште и гимназија завршила во Штип. Во учебната 1974/75 г. се запишала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на Групата за хидрогеологија, каде што дипломирала во 1980 г. Во 1980 г. се вработила во Рударско-топилничкиот комплекс ФЕНИ во Кавадарци, каде што работела како приправник и самостоен инженер за хидрогеологија на рудникот ’Ржаново. Во 1984 г. преминала на работа во Геолошкиот завод во Скопје, каде што до 1988 г. работела како самостоен инженер по хидрогеологија, проектант и советник. Во 1988 г. е примена на работа на Институтот за географија при ПМФ како помлад асистент, а во 1992 г. е избрана за асистент. Во 1988 г. се запишала на постдипломски студии на Рударско-геолошкиот факултет во Белград и на 26 февруари 1992 г. ја одбранила својата магистерска работа „Палеохидрогеотермалне појаве по ободу Скопске котлине као прилог у одређивању њене геотермалне потенцијалности“. Докторската дисертација под наслов „Геотермални ресурси во вардарската зона и српско-македонската маса на територијата на РМ“ ја одбранила во 1996 г., со што се стекнала со титулата доктор на геолошки науки. Во 1997 г. е избрана за доцент, а во 2002 г. за вонреден професор на Институтот за географија при ПМФ. Студиски престојувала во Грција (1985 и 1986 г), а во 1989 г. била на шестмесечна специјализација на Универзитетот на ОН во Рејкјавик на Исланд, завршувајќи ја со специјалистичкиот труд „Chemical Geothermometers and Mineral Equilibria for Some Waters from Yugoslavia“, како и на Хавајските Острови. Научната работа на д-р Мирјана Ѓоргиева е од доменот на регионалната геологија, хидрогеологијата и геотермалната енергија. Има објавено 10 научни труда во странство, 17 во земјата, а напишала и 25 стручни трудови. Беше член на Македонското геолошко и Македонското географско друштво. Ненадејно и прерано почина во 2002 г.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |