Д-р Митко ПОПТРАНДОВСКИ (1937‒1976), доцент, е роден на 7 август 1937 г. во Косенец, Костурско, Егејска Македонија. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Чехословачка, каде што бил евакуиран во 1948 г. Во 1960 г. го завршил ПМФ на Масариковиот универзитет во Брно. Во 1968 г. на истиот факултет ја одбранил докторската дисертација од областа на геологијата. Од 1960 до 1969 г. работел во Чехословачка, и тоа првин во Заводот за геолошки истражувања во Брно, а потоа во Геолошкиот институт во Прага, како раководител на одделението за неметали. Во 1969 г. му се оствари желбата и дојде во Македонија. Беше избран за асистент по геологија при Географскиот институт на ПМФ во Скопје. Набрзо потоа, во 1971 г., е избран за доцент по овој предмет. Во тоа звање во 1976 г. го затекна прераната смрт.