Часлав СТОЈАДИНОВИЌ, вонреден професор, е роден на 12 јануари 1904 г. во Бела Црква, Србија. Завршил Филозофски факултет во Белград. По дипломирањето бил професор во Гимназијата во Битола. Пред доаѓањето на Филозофскиот факултет во Скопје во 1948 г., работел на каналот Дунав-Тиса-Дунав во Војводина. На Катедрата за географија го предавал предметот геоморфологија сè до пензионирањето, со звањето вонреден професор.