Соопштенија

29 мај 2023

Термини за полагање на испити во втора (летна) испитна сесија кај доц. д-р Марија Љакоска

Испитите во втората (летна) испитна сесија кај доц. д-р Марија Љакоска ќе се реализираат на 20.06.2023 година (вторник) и 04.07.2023 година (вторник) со почеток од 11:00 часот во слушална бр. 230.


29 мај 2023

Термини за полагање на испити во јунската испитна сесија во учебната 2022/2023 година кај проф. д-р Милена Талеска

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Институтот за географија, дека испитите во јунската испитна сесија кај проф. д-р Милена Талеска ќе се спроведуваат во следните термини: 12.06.2023 (понеделник) и 22.06.2023 (четврток) од 10:00 часот. Испитите треба да се пријават на iknow системот.


29 мај 2023

Термини за полагање на испити во втора (летна) испитна сесија кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ

Се известуваат студентите на Институтот за географија дека испитите во јунската испитна сесија кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ ќе се спроведуваат во следните термини: 22.06.2023 (четврток) и 05.07.2023 (среда) од 10:00 часот. Испитите треба да се пријават на iknow системот.


28 мај 2023

Известување за испити во јунска сесија (кај проф. Ивица Милевски)

Испитите од јунската испитна сесија кај проф. д-р Ивица Милевски, ќе се одржат на 12 јуни 2023 година (прва декада), 22 и 29 јуни (втора декада) со почеток од 10.30 часот.


26 мај 2023

Оглас за летна пракса - Coke Summership

Почитувани студенти,
Пивара Скопје објавува оглас за летната пракса во рамки на програмата Coke Summership.

Повеќе информации на следниот линк: https://cokesummership.mk/


24 мај 2023

Известување (предмет: Маркетинг во туризмот)

РЕЗУЛТАТИ ОД КОЛОКВИУМ

 МАРКЕТИНГ ВО ТУРИЗМОТ

ОДРЖАН НА ДЕН 15.05.2023

 

  1. 17878 – 28 поени
  2. 17896 – 28 поени
  3. 17911 – 24 поени
  4. 17871 - втор колоквиум:16 поени/ прв поправен колоквиум: 4 поени

Напомена:

-        Првиот и вториот колоквиум се сметаат за положени со освоени минимум 16 поени.

-        Студентите кои успешно положиле само еден од колоквиумите ќе можат да го полагаат другиот преку испит, на материјалот предвиден за истиот.

-        Сите студенти (редовни и вонредни) кои ќе ги освојат потребните поени на колоквиумите или испитот, задолжително треба да изработат и достават семинарски труд  најдоцна до 06.06.2023 година на следната адреса: tatjana@ek-inst.ukim.edu.mk


Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска


24 мај 2023

Испитни термини (доц. д-р Горан Китевски)

Предметите од зимски семестар (Туристичко право, Културолошки туризам, Аграрот во функција на туризмот) ќе се полагаат во следните термини:

- 6.6.2023 (вторник), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 65

- 20.6.2023 (вторник), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 65

 

Предметите од летен семестар (Политичка географија, Туристичка географија [наставна насока]), ќе се полагаат во следните термини:

- 7.6.2023 (среда), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 122

- 21.6.2023 (среда), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 122


24 мај 2023

Термини за испити во јунска испитна сесија (проф. д-р Ристо Мијалов)

Предметите од зимски семестар ќе се полагаат во следните термини:

- 6.6.2023 (вторник), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 65

- 20.6.2023 (вторник), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 65

 

Предметите од летен семестар, ќе се полагаат во следните термини:

- 7.6.2023 (среда), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 122

- 21.6.2023 (среда), со почеток од 9 часот, во просторија бр. 122


23 мај 2023

Анкета од Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје доби проект на УКИМ, чиј носител е проф. Даниела Шукова Стојмановска, со наслов: Влијанието на медитеранската диета и некои други фактори врз здравјето на студентите на УКИМ. За таа цел е подготвена анонимна анкета на google, Ве замолуваме кога сте во можност истата да ја пополните со цел успешна реализацијата на истиот.


22 мај 2023

Термини за испити во јунска испитна сесија кај проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Испитите ќе се одржат на 07. 06. 2023, 13. 06. 2023 и 21. 06. 2023 година со почеток во 11 часот. 


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.