Соопштенија

24 април 2023

ОТВОРЕН ДЕН 2023

Отворен ден на Институтот за географија, на 27 април 2023 година во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство во предавална 95.

На настанот ќе бидат презентирани студиските програми, активностите на студентите, центрите за кариера.

Заинтересираните ќе имаат можност:

- да ги запознаат  одблиску професорите и студентите,

- да прашаат сè што ги интересира за студиските програми,

- можностите за стипендирање,

- да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти,

- можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.

 

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

 

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!

ОТВОРЕН ДЕН на УКИМ - YouTube


18 април 2023

Приматијада 2023

Почитувани студенти,

Во прилог е линк за пријавување за Приматијада 2023 со коригиран датум, т.е. продолжен рок за аплицирање на студенти кои се пријавуваат со научен труд.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdBEYrjNyOAkgRHgicIr4RCMaiL1n8nWmVUrw_K1nKzvlU_vg/viewform?usp=sf_link


12 април 2023

Резултати од првиот колоквиум по предметот „Маркетинг во туризмот“

Резултати од прв колоквиум за предметот Маркетинг во туризмот одржан на ден 10.04.2023

Бр. на индекс 17878, освоени поени: 24

Бр. на индекс 17911, освоени поени: 24

Бр. на индекс 17896, освоени поени: 18

Бр. на индекс 16188, освоени поени: 18

Бр. на индекс 17871, освоени поени: 9

За положени на првиот колоквиум се сметаат студентите кои освоиле минимум 16 поени.


05 април 2023

Термин за полагање на првиот колоквиум по предметот Менаџмент во туризмот кај проф. д-р Дејан Илиев

Се известуваат редовните и вонредните студенти од II година на Институтот за географија - насока туризам дека првиот колоквиум по предметот Менаџмент во туризмот ќе се одржи на 19.04.2023 година (среда) со почеток во 8:30 часот во амфитеатарот 305


04 април 2023

Априлска испитна сесија (доц. д-р Горан Китевски) - промена на термин

Испитот во дополнителната априлска испитна сесија на предметите од зимскиот семестар 2022-2023 година кај доц. д-р Горан Китевски ќе се реализира на 13.4.2023 (четврток), со почеток од 9 часот во слушална бр. 122

За дополнителни информации, обратете се на мејл адресата: kitevski.pmf@gmail.com


04 април 2023

Термин за испит во априлската испитна сесија кај проф. д-р Милена Талеска

Испитот во априлската дополнителна сесија за предметите кај проф. д-р Милена Талеска ќе се реализира на 12 април 2023 (среда) со почеток од 10:00 часот во просторија 86.
Испитот треба да биде пријавен во iknow системот.


31 март 2023

Последен ден за упис на семестар

Почитувани студенти,

 

Последниот ден од уписот на семестарот, 31.03.2023 г. (петок),
се поместува за (понеделник) 03.04.2023 г. бидејќи 
во горната зграда на Факултетот ( стар и нов дел ),

во петок, ќе има прекин на електрична енергија од 10:00 до 16:00 часот,
поради отстранување на дефект на електричната мрежа.


31 март 2023

Термин за испит во априлска сесија

Испитите во априлската сесија кај доцент д-р Христина Димеска Трајкова ќе се реализираат на 11.04.2023 година со почеток од 10ч.


29 март 2023

Термини за дополнителна априлска сесија

Се известуваат студентите дека испитите во априлската дополнителна сесија кај проф.д-р Олгица Димитровска ќе се одржат на 11.04.2023 година (вторник) со почеток од 9,30 часот.


29 март 2023

Термини за дополнителна априлска сесија кај проф. д-р Драган Колчаковски

Испитите во дополнителната априлска испитна сесија кај проф. д-р Драган Колчаковски ќе се реализираат на 12.4.2023 (среда), со почеток од 10 часот во слушална бр. 230.


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.