Соопштенија

08 април 2021

Термин за полагање на испитите кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ во априлската (дополнителна) испитна сесија е 15.04.2021 година, со почеток од 10:00 часот.

Испитите ќе се спроведат online, преку платформата Microsoft Teams. 

Испитите задолжително да се пријават во iknow системот и на e-mail адресата на предметниот асистент (ljakoska.marija@yahoo.com), најдоцна до 11.4.2021 година.


08 април 2021

Известување за 1 колоквиум по Географија на Европа

Почитувани колеги,

Првиот колоквиум по Географија на Европа ќе се одржи на 21.04.2021 (среда) со почеток од 10ч.
Истиот ќе се реализира онлајн (на барање на студентите) преку платформата Microsoft Teams.

Доц. д-р Христина Димеска Трајкова


05 април 2021

Априлска испитна сесија-испити кај проф. д-р Свемир Горин

Почитувани студенти 

Испитите кај проф. д-р Свемир Горин во Априлската испитна сесија ќе се одржат на 5/4/2021.
Пријавените студенти ќе добијат дополнителни информации на емаил адреса. 


05 април 2021

Термин за испит во априлска сесија 2020/2021 кај проф. д-р Ивица Милевски

Се известуваат студентите на Институтот за географија дека испитите во априлската (дополнителна) сесија за сите предмети кај проф. д-р Ивица Милевски ќе се одржат на 12.04.2021 година (понеделник) со почеток од 12 часот. 

Испитите задолжително да се пријават во iknow системот.
Испитите ќе се реализираат on-line, преку платформата Microsoft Teams.

Студентите кои ќе полагаат, треба да се пријават најдоцна до 08.04.2021 (четврток) на следната mail адреса: aleksova_bojana@yahoo.com 


04 април 2021

Известување за испити во априлска дополнителна сесија кај проф.д-р Олгица Димитровска

Испитите во априлската дополнителна сесија ќе се одржат на 14.04.2021 година, со почеток во 10 часот. Испитите ќе се спроведат онлајн на платформата Microsoft Teams.


31 март 2021

Термин за испит во априлска сесија 2020/2021 кај проф. д-р Драган Колчаковски

Терминот за  полагање на испитите по предметите кај проф. д-р Драган Колчаковски во априлската испитна сесија е на 14.04.2021 година, со почеток од 11 часот. Испитите ќе се реализираат со физичко присуство во просторија 230 со запазување на сите здравствени протоколи за заштита на Ковид 19. 


30 март 2021

Термини за пологање во дополнителна испитна сесија кај проф. д-р Бл. Маркоски

Испитите во априлскиот дополнителен испитен рок кај проф. д-р Бл. Маркоски ќе се полагаат на 13.04.2021 со почеток од 10.00 часот. Студентите задолжително да се регистрираат на гугл формата на (овој линк) како и на iKnow системот најдоцна до 04.04.2021 година. Испитите ќе се реализираат со физичко присуство.


30 март 2021

Термин за испит во априлска сесија 2020/2021 кај Доц. д-р Христина Димеска Трајкова

Се известуваат студентите на Институтот за географија дека испитите во априлската (дополнителна) сесија за сите предмети кај Доц. д-р Христина Димеска Трајкова ќе се одржат на 07.04.2021 година (среда) со почеток од 10ч
Испитите задолжително да се пријават во iknow системот.
Испитите ќе се реализираат онлајн, преку платформата Microsoft Teams.


26 март 2021

Термин за полагање на испити во априлска (дополнителна) сесија (2021) и прв колоквиум по предметот менаџмент во туризмот ​- Проф. д-р Дејан Илиев

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Институтот за географија дека испитите во априлската (дополнителна) сесија (2021) за сите предмети кај проф. д-р Дејан Илиев ќе се одржат на 14.04.2021 година (среда). Испитите задолжително да се пријават во iknow системот. Испитите ќе се реализираат онлајн на платформата Microsoft Teams. Студентите кои ќе полагаат задолжително еден ден пред испитот во порака до мене (преку Microsoft Teams) да го потврдат своето учество и да нагласат кој предмет ќе го полагаат. Точното време на полагањето ќе биде објавено два дена пред закажаниот датум на платформата Microsoft Teams.

Се известуваат редовните и вонредните студенти од II година на Институтот за географија - насока туризам дека првиот колоквиум по предметот МЕНАЏМЕНТ ВО ТУРИЗМОТ ќе се одржи на 14.04.2021 година (среда). Колоквиумот ќе се реализира онлајн на платформата Microsoft Teams. Студентите кои ќе полагаат задолжително еден ден пред колоквиумот во порака до мене (преку Microsoft Teams) да го потврдат своето учество. Точното време на полагањето ќе биде објавено два дена пред закажаниот датум на платформата Microsoft Teams.


24 март 2021

Известување за прв колоквиум по Туристичка географија

Првиот колоквиум по Туристичка географија ќе се одржи на 29.3.2021 со почеток од 10ч преку платформата Microsoft Teams.

Доц. д-р Христина Димеска Трајкова


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.