Соопштенија

25 декември 2020

Избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ

Почитувани студенти,

Вe потсетуваме дека пријавувањето на кандидати за членови на факултетското студентско собрание е во тек.

Сите заинтересирани студенти, од сите три циклуси на студии, кои го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, својата кандидатура може да ја испратат на официјалниот е-маил на Факултетот pmf@pmf.ukim.mk најдоцна со 30.12.2020 година.

Во пријавата, освен име и презиме, задолжително наведете го бројот на индекс и студиската програма на која сте запишани.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.

 Комисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје 


23 декември 2020

Втор Колоквиум по предметот Заштита на животната средина

Се известуваат студентите дека Вториот Колоквиум по предметот Заштита на животната средина ќе се одржи на 28.12.2020 година, со физичко присуство во просторија бр.95 и почеток од 10 часот.


24 ноември 2020

Известување за термин за полагање на прв колоквиум во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 година.

Почитувани колеги, 

првиот колоквиум по предметите демографско стареење, ревитализација на руралните населби и природно движење на населението ќе се одржи на 25.11.2020 година (среда), со почеток од 10:00 часот. Колоквиумот ќе се спроведе online, преку платформата Microsoft Teams.


17 ноември 2020

ОДБРАНА НА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА

 

На 19.11.2020 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, м р Горан Китевски, јавно ќе ја брани својата докторска дисертација под наслов:„Интегративната функција на географските услови при формирањето на социјалниот, културниот, економскиот и политичкиот идентитет на Балканскиот Полуостров“.

Одбраната ќе се одржи преку видеоконференциската платформа zoom.

personal meeting id: 202 011 1911

Passcode: geografija


16 ноември 2020

Ноемвриска дополнителна испитна сесија - Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Ноемвриска дополнителна испитна сесија

Испитот ќе се реализира со почеток во 12 часот преку платформата Microsoft Teams. Потребно е секој студент кој сака да полага да се пријави на мојот маил: biljana.apostolovska@gmail.com заклучно со 25 ноември 2020. 


12 ноември 2020

Социоекономска географија на Република Македонија

Првиот колоквиум по Социоекономска географија на Република Македонија ќе се реализира на 17 ноември 2020 година. -

проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска


12 ноември 2020

Бањски туризам

Првиот колоквиум по предметот Бањски туризам ќе се реализира на 23 ноември 2020 година. 


12 ноември 2020

Ноемвриската дополнителна сесија проф. д-р Бл. Маркоски 

 

Испитите во ноемвриската дополнителна сесија кај проф. д-р Бл. Маркоски ќе се реализираат на 24.11.2020 год. Начинот на реализација дополнително ќе ви биде соопштен.
Задолжително пријавете се на регистрационата форма најдоцна до 15.11.2020 год. (link)

 


11 ноември 2020

Термин за испит во ноемвриска сесија.
Доц. д-р Христина Димеска Трајкова


Студентите имаат можност да полагаат задолжителни и/или изборни предмети слушани во летниот семестар во учебната 2019/2020 година.
Испитите задолжително да се пријават во iknow системот надојцна до 22.11.2020.
Испитите ќе се реализираат онлајн, преку платформата Microsoft Teams.
Студентите кои ќе полагаат задолжително еден ден пред испитот во порака до мене (преку Microsoft Teams) да го потврдат своето учество на испитот.
Испитот ќе се одржи на 27.11.2020 (петок) со почеток од 10ч.


10 ноември 2020

Термини за полагање во ноемвриска испитна сесија-Проф. д-р Свемир Горин

 

Испитите во ноемвриската испитна сесија за предметите кај проф. Свемир Горин ќе се одржат на 04.12.2020 год (петок), Пријавувањето важи за предметите ислушани во летниот семестар во академската 2019/20 год. Испитите задолжително да се пријават на iknow надојцна до 22 ноември.
Испитите ќе се одвиваат Online.
Студентите задолжително да се регистрираат на следниот линк Пријава на испит кај Проф. д-р Свемир Горин.
Точното време на полагањето ќе биде објавено два дена пред закажаниот датум.

 


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.