Соопштенија

04 февруари 2022

Известување (предмет: Културолошки туризам)

Сите студенти кои го полагаа предметот на првата декада (25.1.2022) смеат повторно да го полагаат предметот и на втората декада (8.2.2022)

Кандидатот со бр. на индекс 17187 да се јави на дополнителни консултации (било кој од работните денови во следната недела). 

За дополнителни информации, обратете се на мејл: kitevski.pmf@gmail.com


02 февруари 2022

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

 Семестарот може да се завери само доколку студентот ги има собрано сите потписи од професорите кај кои што слушал предмети (задолжително електронски, а по можност и во индекс) или му недостига само еден потпис од професор. Доколку на студентот му недостигаат два или повеќе потписи не е дозволена заверка на зимски семестар учебна 2021/2022 г., што повлекува и неможност за упис на летен семестар учебна 2021/2022 г.  

  1. Образец Барање за замена на неположен изборен предмет;
  2. Образец Барање за запишување од 36 до 40 ЕКТС кредити;  
  1. Образец Барање за плаќање на партиципација/школарина на рати  

Овие обрасци се  на страната на ПМФ во делот Соопштенија, Инфорамации за зимски и летен семестар 2021/2022.  

Дополнително,  за заверка на семестарот покрај собраните потписи, студентите треба да ги имаат подмирено сите трошоци (рати) за истиот. 



31 јануари 2022

Соопштение  за заверка на зимскиот семестар и упис на ЛЕТЕН семестар    во    учебната 2021/2022

 

 

  Уписот на ЛЕТЕН  и заверка на ЗИМСКИ  семестар  во учебната  2021/2022 година  од страна на Службата за студентски прашања ќе се одвива во периодот од 07.02 до 18 .02.2022 година  по претходно доделен термин од ЕКТС координаторот.

  • Потребните документи за запишување на ЛЕТНИОТ  семестар (образец за упис   А3, образец за заверка ,  индекс и ЕКТС образец (кој може да се најдат на веб страната на ИГ (ig.pmf.ukim.edu.mk/ кои  студентите  треба да ги отпечатат и ,пополнат) и  достават во периодот 07.02– 18.02.2022 од 09:00 до 14:00ч. на клупата пред 130 (кај ЕКТС координаторот)
  • По прегледувањето (кое НЕ секогаш се одвива во моментот на доставување документи) ЕКТС координаторот го известува студентот лично или по електронска порака за сумата која треба да ја уплати врз база на пресметаните ЕКТС и за местото од каде треба да ги подигне прегледаните документи, како и го вметнува и соодветниот термин и просторија (148 први спрат,нова зграда) во кои студентот  треба да ги поднесе документите во Службата за студентски прашања

           Студентите кои запишуваат втор семестар, затоа што немаат услов за упис на втор семестар и ги запишуваат сите предвидени предмети, кај координаторот треба да се јават во термините:

           3.02.2022 во периодот 09 -14.00 часот

           4.02.2022 во периодот 9-14.00 часот

ЗАДОЛЖИТЕЛНО со документите студентите да остават и ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА на која ќе ги добијат потребните информации.

Љубица Волчева-Маркоска
ЕКТС координатор на ИГ
ljubica@pmf.ukim.mk


26 јануари 2022

Термини за полагање на испити во јануарска испитна сесија кај проф.д-р Љупчо Настовски

Термини за полагање на испити во јануарска испитна сесија кај проф.д-р Љупчо Настовски

СТАТИСТИКА (за насоките Туризам,ГИС,Демографија ) и

Проекции на населението  (за насока Демографија)

31.01.2022 година во 11 часот со физичко присуство и на 

15.02.2022 година во 11 часот  со физичко присуство


13 јануари 2022

Термини за полагање на испитите во јануарска испитна сесија кај проф. д-р Милена Талеска

Термините за полагање на испитите во јануарска испитна сесија кај проф. д-р Милена Талеска за сите предмети ќе се одржат на 24.01.2022 година (понеделник) во прва декада и 07.02.2022 година (понеделник) во втора декада. Секој студент има право да полага само во една декада. Испитите задолжително да се пријават во iknow системот и истите ќе бидат спроведени online преку апликацијата Microsoft Teams.

Студентите кои ќе полагаат во прва декада ќе треба задолжително најдоцна до 21.01.2022 да се пријават за испитот преку порака до предметниот професор (преку Microsoft Teams) да го потврдат своето учество и да нагласат кој предмет ќе го полагаат. Исто така, студентите кои ќе полагаат во втора декада најдоцна до 04.02.2022 задолжително да се пријават за испитот преку порака до предметниот професор (преку Microsoft Teams) да го потврдат своето учество и да нагласат кој предмет ќе го полагаат.


11 јануари 2022

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ТУРИСТИЧКО ПРАВО ВО ЈАНУАРСКА СЕСИЈА

 

1  термин 20 .01.2022 година со почеток во 12 часот

2   термин  03.02.2022година со почеток во 12 часот

Испитот ќе се полага онлајн  

j.bacovska@pf.ukim.edu.mk


10 јануари 2022

 ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА  БАЗИ НА ПОДАТОЦИ ВО ЈАНУАРСКА СЕСИЈА

 

Термин 1: 22.01 во 12:00 на ФИНКИ, лаб. 215 (физичко присуство)

Термин 2: 28.01 во 15:00 на ФИНКИ, лаб. 215 (физичко присуство)


29 декември 2021

ИСПИТНИ ТЕРМИНИ ВО ЈАНУАРСКАТА СЕСИЈА (ПРОФ. Д-Р РИСТО МИЈАЛОВ)

ПРЕДМЕТ

I декада

II декада

час

Природно-геогр. Основи на туризмот

18.1.2022

1.2.2022

9:00

Социоекономски основи на туризмот

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Туризмот и меѓународното стопанство

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Аграрот во функција на туризмот

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Геогр. на Азија

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Аграрна геогр.

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Политичка геогр.

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Геогр. на религии

25.1.2022

8.2.2022

9:00

Испитите ќе се одржат со физичко присуство. просторијата ќе биде навремено одредена. 


29 декември 2021

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТНА СЕСИЈА (јануари-февруари) (предмет: Основи на туризмологијата; Културолошки туризам)

Предметот „Основи на туризмологија“ ќе се полага на следните термини:

25.1.2022, со почеток од 9,00 часот

8.2. 2022, со почеток од 9,00 часот

 

Предметот „Културолошки туризам“ ќе се полага на следните термини:

25.1.2022, со почеток од 9,00 часот

8.2. 2022, со почеток од 9,00 часот

Испитите ќе се одржат со физичко присуство. 

Просторијата на полагање ќе биде одредена неколку дена пред реализацијата на испитот. 


29 декември 2021

Термини за полагање на испитите во јануарска испитна сесија кај проф. д-р Ивица Милевски

Испитите по предметите кај проф. д-р Ивица Милевски ќе се одржат на 20.1.2022 (прва декада) и 10.2.2022 (втора декада) со почеток во 11 часот со физичко присуство и со почитување на протоколите. Просторијата ќе биде одредена на денот на спроведување на испитите. Секој студент има право да полага само во една декада. Испитите задолжително да се пријават во iknow системот. Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит. 


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.