Термин за полагање на испити во ноемвриската сесија кај доц. д-р Марија Љакоска
Испитите во ноемвриската сесија кај доц. д-р Марија Љакоска ќе се одржат на 01.12.2021 година (среда) со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство во просторија 230.
ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 2 И 4
Се известуваат студентите од Природно-матема¬тичкиот факултет во Скопје –ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА, дека терминот за полагање на испитот по АНГЛИСКИ ЈАЗИК во ноемвриската испитна сесија е 29 ноември,
Испитот ќе се спроведува онлајн. Професорот ИСКРА СТАМЕНКОСКА ги замолува студентите што ќе го пријават испитот, да се најават, на следнава електронска адреса iskra_feb@yahoo.com за да може да им испрати линк за полагање на испитот.
Термин за полагање на испитите во ноемвриската испитна сесија кај проф.д-р Драган Колчаковски
Испитите по предметите Биогеографија, Геоморфологија и Сообраќајна географија во ноемвриската испитна сесија ќе се одржат на 01.12.2021 година во 10 часот во просторија 230.
Термин за прв колоквиум по предметот Физичка географија на Р. Македонија кај проф. д-р Драган Колчаковски
Терминот за првиот колоквиум по предметот Физичка географија на Р. Македонија е на 01.12.2021 год. во 10 часот во просторија 230.
Термин за полагање на испити во ноемвриската сесија кај проф. д-р Дејан Илиев
Се известуваат редовните и вонредните студенти на Институтот за географија дека испитите во ноемвриската сесија - 2021 кај проф. д-р Дејан Илиев ќе се одржат на 01.12.2021 година (среда) во 8 часот во амфитеатарот 305 со физичко присуство со почитување на протоколите. Испитите задолжително да се пријават во iknow системот.
Доколку епидемиолошката состојба не дозволува одржување на испитите со физичко присуство, тие ќе се реализираат онлајн на платформата Microsoft Teams. Студентите кои ќе полагаат задолжително еден ден пред испитот во порака до мене (преку Microsoft Teams) да го потврдат своето учество и да нагласат кој предмет ќе го полагаат. Точното време на полагањето ќе биде објавено два дена пред закажаниот датум на платформата Microsoft Teams.
Турнус предавања кај проф. д-р Свемир Горин
Турнусот предавања по предметот ГЕОИНФОРМАТИКА започнува на 22 ноември 2021
Турнусот предавања по предметот Вовед во ГИС започнува на 22 ноември 2021
Турнусот предавања по предметот ГИС ТЕХНИКИ И ТЕХНОЛОГИИ започнува на 15 ноември 2021
Турнусот предавања по предметот ГИС АПЛИКАЦИИ 1 започнува на 15ноември 2021
Сите дополнителни информации ќе ви бидат пратени на е-mail адресата која ви е внесена во iКnow системот.
Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека ноемвриската испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.
Право за полагање имаат студентите кои: уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат најмногу 2 (два) испита од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.
Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од 05.11.2021 до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем.
Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.
Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски, пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од предметниот наставник.
ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ „МАРКЕТИНГВО ТУРИЗМОТ“
Предметот „Маркетинг во туризмот“ во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год. ќе се одржи на 25.11.2021, со почеток од 11;00 часот
Испитите ќе се одржат online со претходен контакт со професорот на емаил – tatjana@ek-inst.ukim.edu.mk
ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ „ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1 и ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 3“
Предметот „Италијански јазик 1 и Италијански јазик 3 “ во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год. ќе се одржи на 26.11.2021, со почеток од 09;30 часот
Испитите ќе се одржат online на Skype, со претходeн контактирање со професорот на емаил k.angelovik@gmail.com
ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје – ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА (НАСТАВНА НАСОКА ), дека терминот за полагање на испитот по Македонски јазик, во ноемвриската испитна сесија е 27 ноември, петок, во 12 часот. Испитот ќе се спроведува онлајн. Професорот Симон Саздов ги замолува студентите што ќе го пријават испитот, да се најават, на следнава електронска адреса s.sazdov@yahoo.com за да може да им испрати линк за полагање на испитот.