Соопштенија

01 декември 2021

ТЕРМИН ЗА КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ГЕОГРАФИЈА НА НАСЕЛБИ 

Првиот колоквиум по предметот географија на населби ќе се одржи на 9.12.2021 година (четврток), со почеток во 11:00 часот.

Колоквиумот ќе се спроведе со физичко присуство.

Просторијата во која ќе се полага колоквиумот ќе биде одредена непосредно пред полагањето.  

Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ


26 ноември 2021

ТЕРМИН ЗА КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ „КУЛТУРОЛОШКИ ТУРИЗАМ“

 

Првиот колоквиум по предметот „Културолошки туризам“ ќе се одржи на 17.12.2021 година (петок) со почеток во 12,00 часот.

Колоквиумот ќе се спроведе со физичко присуство со запазување на сите анти covid-19 мерки. 

Дополнително и навремено ќе биде одредена просторијата во која ќе се полага колоквиумот. 

 

доц. д-р Горан Китевски


25 ноември 2021

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ 2021

Во рамките на ОТВОРЕНИОТ ДЕН НА УКИМ 2021, на 30.11.2021 година преку платформата Microsoft Teams ќе се одржи централен настан од 10:00 до 12:30 ч, на кој, на сите интересенти за студирање на УКИМ ќе им се обрати Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски.

 

Истиот ден, на 30.11.2021 година од 12:00 до 13:30 ч. преку платформата Microsoft Teams ќе се одржи електронска презентација на студиските програми за прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет пред идните студенти.

ЛИНК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ - ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ


18 ноември 2021

Испитни термини во ноемвриска сесија (проф. д-р Мијалов)

Испитите во ноемвирската сесија по предметите:

Социо-економски основи на туризмот

Туризмот и меѓународното стопанство

Политичка географија

Географија на религии

 

Ќе се полагаат на 24.11.2021, со почеток во 10 часот со физичко присуство. 


14 ноември 2021

Термин за полагање на испити во ноемвриската сесија кај проф. д-р Милена Талеска

Испитите во ноемвриската сесија кај проф. д-р Милена Талеска ќе се одржат на 22.11.2021 година (понеделник), on-line.

Студентите задолжително да се пријават на e-mail кај предметниот професор и да наведат кој предмет ќе го полагаат.


11 ноември 2021

Термин за прв колоквиум по предметот Општа геологија со петрографија кај

проф. д-р Ивица Милевски

Терминот за првиот колоквиум по предметот Општа геологија со петрографија е на 02.12.2021 год. во 11 часот во просторија 95. 


11 ноември 2021

Термин за полагање на испити во ноемвриската сесија кај проф. д-р Ивица Милевски

Испитите во ноемвриската сесија кај проф. д-р Ивица Милевски ќе се одржат на 02.12.2021 година (четврток) со почеток од 11:00 часот, во просторија 95.


11 ноември 2021

КОЛОКВИУМ 1

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ КОИ ШТО ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХИДРОЛОГИЈА ДЕКА КОЛОКВИУМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 01.12.2021 ВО 10 ЧАСОТ, ВО 122.
ПРОФ. Д-Р ИВАН РАДЕВСКИ


10 ноември 2021

ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ ПЕДАГОГИЈА

Се известуваат студентите од ПМФ-Скопје, ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА (НАСТАВНА НАСОКА) дека терминот за полагање на испитот по Педагогија, кај проф. д-р Борче Костов, во  ноемвриската  испитна сесија ќе се одржи на 01.12.2021 од  11 до 12 часот преку  MS Teams (онлајн).

Студентите кои сакаат да полагаат нека му испратат мејл, пред испитот, на проф Борче Костов (borcekostov@yahoo.com), за да може проф. да им испрати  линк за полагање на МС Тимс.

 


09 ноември 2021

Термин за полагање на испити во ноемвриската сесија кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ

Испитите во ноемвриската сесија кај проф. д-р Мирјанка Маџевиќ ќе се одржат на 01.12.2021 година (среда) со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство во просторија 230.


© 2026. Институт за географија, ПМФ, УКИМ, Скопје.